Струга

Ова е градот што ја има најубавата река која истекува од најубавото езеро на светот! Во Струга имате и џамии и цркви, и чаршии и хотели, мирни деца на плажи и немирни деца по мостовите на Црн Дрим како скокаат во вода.

Ова е градот кој во средниот век бил допран и пљачкосан од Норманите, на чело со Роберт Гвискард. Интересна информација, нели?. Се обидувам да си ги замислам северњаците како се капат во Охридското езеро и скокаат во Дрим.

Се верува дека најважното за едно место да има долг и просперитетен живот е да има извор на вода во близина. Многу антички градови никнале покрај течение на некоја река или на брег од некое езеро или море. Епа така и Струга.

Струга ги има и двете работи.

Дрим, широк, бистар и длабок. Реката е вистинско чудо. Извира од едниот крај на езерото, а од птичја преспектива и се гледа течението низ езерото (многу чудна работа кога ќе помислите, се гледа убав потемен столб од езерската вода), и потоа истекува од спротивната страна.

Стружани не се само работни туку и се познати по својата гостопримливост. Нема куќа која нема ширум да му ја отвори вратата на гостин или патник. Стружанките пак се прочуени по убавината и се вели дека таму нема да видите ниту грда жена ниту саката. И старица од 80 години го одржала своето тело исправено.

Струшките ноќи се право уживање. Езерскиот ветер колку убаво го разладува градот вечерно, и во најжешкото лето на зимурливите може да им притреба по некоја блуза за шетање. Опремете се убаво!

Општи информации

  • Површина: 507 km²
  • Популација: 16,559 жители
  • Надморска височина: 675 m
  • Поштенски код: 6330
  • Позивен број: +389 (0)46
  • Координати: 41°10′39″N, 20°40′44″Е

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре