Скопје

Скопје магичниот град кој крие толку многу убавини. Да, ова нашето мало, но прекрасно Скопје кое може да ве остави без здив доколку решите да му дадете шанса.

Се прашувате, можеби што прво да се посети и истражува? Па еве зошто да не започнете со сржта - срцето на градот - центарот. Да, да токму таму ќе се изгубите во постојаната фреквентност од луѓе кои постојано некаде брзаат да стигнат.

Лутајќи низ сите тие излози, на безбројните и шаренолики продавници, полека ке пристигнете до триумфалната капија низ која можете да го доживеете вашето велинченствено поминување. Тие кралски чекори ќе ве одведат до плоштадот Македонија каде ќе посакате да останете малку подолго. Пред вас е магичната фонтана Александар Македонски која менува неколку бои додека опивливиот мелос ја храни вашата душа. Тука сте на само еден чекор од катчето на заљубените каде за миг можете да се искрадете со љубената личност и да поуживате во мала доза на романтика.

Ако се одлучите да го видите градот во малку поинаков шмек - низ камениот мост и веќе од другата страна се приближувате до старата скопска чаршија која крие една посебна приказна, Старите куќи во духот на модерното време, секој ваш чекор по калдрмата ќе ве освои. Чувството е неверојатно, ве враќа во некое далечно време. Интересната архитектура и стил можеби ќе ве остават без зборoви, но едно ладно пивце во добро познатата „Пивница“ ќе ви го отвори повторно срцето. Може и некое старо македонско традиционално јадење како тавче-гравче, пинџур или макало за да ви наполни батериите за подоцна да се качите на скопско Кале каде ќе го имате дел од градот во дланка. Не сакаме да звучиме пристрасно, но нашето Кале е кинескиот ѕид од Кина - ќе видите и сами зошто.

Дојде време и за малку релаксација и прошетка - мала доза на чист воздух и разговор со тишината. Тој мир ќе го најдете на височините на планината Водно каде од врвот на милениумскиот крст ќе го видите цел град како магично свети. Можеби Скопје не е Париз, но чувството е исто верувајте. Ако сте љубител на една поинаква авантура и доживување патот кој води од крстот до кањонот Матка е вистинскиот избор. Маклу адреналин, малку возбуда - на крај целта е една и единствена, ќе се изгубите во прегратките на сета убавина што се крие таму некаде помеѓу езерото и карпите. Матка ќе ве опие за миг и ќе посакате да се изгубите некаде помеѓу мистичноста на секое место.

Општи информации

  • Површина: 1,854 km² (715.8 mi²)
  • Популација: 700,000 жители
  • Надморска височина: 240 m
  • Поштенски код: 1000
  • Позивен број: +389 (0)2
  • Координати: 42°0′N, 21°26′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре