Прилеп

Народот во Прилеп никогаш не пропуштал шанса да се побуни против кој и да е што е на власт таму. Целата историја им се базира на тоа, посебно во средновековието кога на кој и да е цар му правеле проблеми, преку отоманците па се до Втора светска војна. Браво за прилепчани, сигурно сакате да се подружите со таков храбар народ. Токму по Втората светска војна Прилеп е останат во сеќавањето на луѓето како град во кој првото побунување се случило против фашистите. Ама кутрите прилепчани немале секогаш успешни побунувања.

Прилепчани никогаш нема да умрат!

Најинтересно од сето ова е како изгледала сликата кога во средниот век над прилеп надвиснувала тврдината која денес ја нема. Многу работи нема од тие времиња, Прилеп нон-стоп бил рушен низ сите тие војни. Она што успеало да се спаси си останало, како пар темели од таа тврдина. Интересен бил изгледот на Прилеп на крајот од 19. и почетокот на 20. век. Од слики што имам видено, личел како на право турско-вестерн градче, каде каубојците се турци и македонци во свои носии карактеристични за пределиве.

Денес Прилеп во 21. век не е ништо посебно, освен што е Топ 5 град по големина во Македонија, што си има историја каква што има, по некоја стара градба, и толку. Младите бираат да останат таму и да пробаат да не се досадуваат со тој избор што го имаат, или да заминат во Скопје.

Се шегувам. Не е така црно, сепак Ви препорачуваме да дојдете да ве прошетаме по вековните манастири и цркви околу Прилеп. Прилеп има убава околина со природни убавини, длабока историја и култура и многу места што ќе ви ги покажеме и раскажеме.

Општи информации

  • Површина:1,194.44 km² (742.19 mi²)
  • Популација:73,925 жители
  • Надморска височина:620 m
  • Поштенски код:7500
  • Позивен број:+389 (0)48
  • Координати:41°52′N 41.35°21.55′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре