Охрид

Градот од кој просто ви застанува здивот, преубавиот или уште познат како „град на светлината“ Охрид заедно со своето чудесно Охридско езеро се главните туристички места во Македонија за кои илијадници туристи насекаде од светот доаѓаат да ги посетат.

Легендата на познатите Браќа Миладиновци вели дека кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил горе високо на ридовит на кои тивко заспивал градот и додека уживал во прекрасната околина извикал „Ох Рид“ или во превод каков убав рид и оттогаш овој град го носи името Охрид.

Богатиот град, преплавен со туристички, културени и духовни елементи се смета за еден од најстарите градови низ историјата, заедно со Рим, Ерусалим и денешен Истанбул. Со својата надморска височина од 695 м и најголемиот брег на Охридското езеро старо околу 3 милиони години претставува вистинско место за монденско уживање и релаксирање. Поради изболството од ендемската флора и фауна, Охрид се наоѓа на списокот на УНЕСКО како светско културно и природно наследство.

Урбаната зона на Охрид е составена од Стариот Град кој е лоциран во средината на урбаната зона која ја сочинуваат Варош, Месокастро и рибарската населба Канео. Во стариот дел од Охрид се лоцирани најголем дел од културно историските локалитети на градот, потточно музеите во кој се лоцирани објекти кои ја отсликуваат старата архитектура. Во состав на старото градско јадро е и Старата Охридска чаршија и двата градски плоштади. На едниот од нив е лоциран новиот споменик подигнат во чест на заштитникот на Охрид, Св.Климент Охридски и плоштадот кај Чинарот, дрво кое е старо повеќе од 1 000 години и преставува вистински феномен.

Општи информации

  • Површина: 383.93 km² (148.24 mi²)
  • Популација: 55,749 жители
  • Надморска височина: 695 m
  • Поштенски код: 6000
  • Позивен број: +389 (0)46
  • Координати: 41°07′N 20°48′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре