Кичево

Под падините на магичната Бистра, во Кичевската Котлина мирно почива еден од поубавите градови во Македонија, градот Кичево.

Легендата на Марко Цепенков за овој град кој е сместен во средишниот дел на Западна Македонија, зборува дека името Кичево го добил по тврдината над градот што ја изградил Волкашин на керќа си Кита (сестра на Крали Марко). По нејзиното име, твдрдината (калето) е наречена Китино Кале, односно Китин Град. Подоцна под Китино Кале била основана населба која според името на Кита (Ките, Киче – нагалено) била наречена Кичево.

Една од најпознатите и најприродните знаменитости на градот Кичево е реката Треска која претставува лева поголема притока на реката Вардар. Над градот Кичево надѕира неверојатното и срамежливо ридче Крушино кое несебично го храни секое делче во ова место со чист воздух, зеленило и незаменлива природа. Идеално место за рекреација и релаксација во деновите кога се чувствувате без енергија. Недалеку од Кичево се наоѓа и прочуениот Кичевски Манастир или уште попознат како Манастирот Пресвета Богородица-Пречиста.

Општи информации

  • Површина: 49 km²
  • Популација: 27.067 жители
  • Надморска височина: 625 m
  • Поштенски код: 6250
  • Позивен број: +389 (0)45
  • Координати: 41°30'45.5"N, 20°57'40.3"E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре