Кавадарци

Уште еден град, кој носи остатоци од памтивек. Кој покажува дека на тоа место имало луѓе уште од праисторијата. Којзнае какви биле праисториските кавадарчани. Сигурно не биле како сегашните, со одлична ракија и убави вина, и секогаш со смисла за хумор.

Од праисторијата, преку античкото време и средните векови, па се до отоманците, Кавадарци постоело како населено место. Како и целиот свет, 19. век е моментот кога почнало да се развива во град, но и општо. Историјата на Кавадарци може да ја утврдите и преку дузина средновековни цркви и манастири од околината, а особено околу пештерите на бреговите на Тиквешкото езеро.

Настрана тоа, регионот на овој град е прекрасен за да го поминете со автомобил. Има лозови полиња до недоглед. Преубаво е. Не сум бил во Франција да ги видам нивните полиња, ама сигурно е исто како таму. (Ако нема никој што ќе ве види, застанате и скинете си некое зрнце грозје да се заблажите).

Кавадарци е познато по грозјето, хистерично хумористичниот дијалект и „мрднатите“ луѓе, и ракијата. А исто и првата печатница на Балканот е донесена во населбата Ваташа, која порано не била дел од самиот град. Интересен факт, ама сепак алкохолот и неговото правење е поинтересно за кавадарчани од тоа да печатат некаква си хартија. Добро, налепници за шишињата сепак си печатат.

Луѓето: легенда до легенда. Скоро секој кавадарчанец има барем 5 литри ракија која е стара 10, 20 или 30 години. Таков алкохол не сте пробале. Фино е се тоа кога ќе чујам како вискито во Тенеси се чува по 7-8 години во бурињата за вкусот да си го добие бла бла... или домашното пиво во Германија што може да се проба кај рандом германец на гости бла бла... ама кавадаречка ракија стара 30 години е посебно искуство. Кавадарчаните знаат како да си го направат алкохолот со мерак, за кога ќе ја голтнеш првата голтка да не правиш кисели фаци и да се ужаснеш од јакиот алкохол.

Кавадарчани се позитивни и гостопримливи луѓе. Одма ќе ви најдеме кавадарчанец што сака да ве прими, да ве најаде и напие, и ќе ве изнасмее додека го прави тоа.

Наш совет: Дојдете во Кавадарци!

Сакате да шетате покрај лозови насади додека гледате езеро на хоризонтот, планина покрај него и сонцето како заоѓа, а околу езерото наредени манастири стари по 5 века? Дојдете во Кавадарци!

Општи информации

  • Површина: 391 km²
  • Популација: 37,189 жители
  • Надморска височина: 230 m
  • Поштенски код: 1430
  • Позивен број: +389 (0)43
  • Координати: 41°25'59.7"N, 22°00'44.2"E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре