Битола

Уште кога ќе се спомене името Битола, прво нешто на кое сите помислуваме е прочуеното корзо или познато како Широк сокак-шеталиште каде се што е важно се случува таму.

Градот на конзулите заспива во подножјето на планината Баба сокривајќи го безбедно најубавиот врв Пелистер. Се нарекува уште град на конзулите, бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништа во Р. Македонија. Во текот на историјата Битола била нарекувана под многу имиња. Според Адријан Рум, словенскиот назив за градот потекнува од зборот Обител. Денешниот официјален назив на градот е Битола.

Духот на прекрасната Битола е секогаш разигран и весел, а тоа лесно се забележува уште во првиот миг на пристигнување.

Вториот по големина град во Македoнија се наоѓа на 14 км северно од границата со Грција, на надморска височина од 576 м.

Навистина прекрасен град, кој изобилува со многу недопрена природа и културни обележја кои заслужуваат внимание. Во зависност од важите желби и потреби еден ден во овој град може да биде исполнет со многу авантура, релаксација и забава.

Општи информации

  • Површина: 422.39 km² (163.1 mi²)
  • Популација: 125,000 жители
  • Надморска височина: 576 m
  • Поштенски код: 7000
  • Позивен број: +389 (0)47
  • Координати: 41°01′55″N 21°20′05″E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре