Вевчани

Селото Вевчани датира уште од 9ти век и е тивка рурална населба омилена на локалното население за своите традиционални ресторани и природните извори. Старите камени улици се карактеристична рурална архитектура од 19-тиот век, а заштитник на селото се смета Свети Никола, за кого е издигната и црква во селото. Вевчани се наоѓа 14 км северно од Струга, на север од брегот на Охридското езеро. Автобуси од Струга сообраќаат кон селото на секој час по цена од околу 50 денари, додека такси чини околу 400 денари.

Започнете од дното на селото и шетајте нагоре низ тесните улички за да ги видите Вевчанските преубави камени куќи на два ката, поткрепени со систем на дрвени рамки и финеса со дрвени прагови. Во горниот дел на селото, се наоѓаат восхитувачките Вевчански извори, идеално место за прошетка, излет и разладување во друштво на неколку мали светилишта и брзи потоци. Во устието на изворите, можно е да се види жуборот на водата од горе надолу по камењата покриени со мов.

Vevcanska kukja

Откако ќе ги посетите изворите, тргнете по стрмната патека која води до влезот на ресторанот Кутмичевица каде може да пробате инвентивни традиционални јадења како што се пита од коприви, јуфки (домашни тестенини со сирење) и луканци (домашен луткаст колбас). Нејзината дрвена светна трпезарија има спектакуларен поглед на планината - можете дури и да останете тука ако сакате да ја поминете ноќта во селото.

Посетете го Вевчани во јануари и ќе се најдете на еден од најголемите пагански фестивали на Балканот, Вевчанскиот карневал, кој се прославува секоја година на кој се претставуваат многу маски, проследени со многу забава и музика.

Мрежа на обележани планински патеки, поставени од страна на Balkan Hiking Adventure за развој на планинскиот туризам во пограничните области меѓу Македонија, Косово и Албанија, исто така, поминуваат низ Вевчани.

Ако доаѓате со кола, обрнете поголемо внимание на знаците од Струга, бидејќи може многу лесно да го пропуштите свртувањето, треба да поминете низ големата камена порта во долниот дел од селото.

Општи информации

  • Популација: 2433 жители
  • Надморска височина: 800-950m
  • Општина: Вевчани
  • Координати: 41°14′25″N 20°35′35″E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре