Трпејца

Оригиналноста и уникатноста на местото наречено Трпејца се причина зошто ова магично и неверојатно место го споредуваат со познатото Сен Тропе. Многумина и така милуваат да го нарекуваат малото рибарско селце кое е сместено на еден рид.

Првото несшто кое ќе го почуствувате без сомнение е чувството на интимност. Блиску до сите туристички места, а сепак далеку од метежот и урбаната димензија на Охридската ривиера. Без оглед на вашата цел при посетата на ова место, дали е за еден ден, ручек или само прошетка, чувството на убавина ќе ве обземе секако. Сите куќи кои се наоѓаат на ридот се збиени една до друга, измешани од интересни градби и уникатна архитектура. Звукот на тишината во комбинација од езерото влева едно посебно чувство кое е незаменливо. Малечката плажа која е една и единствена остава впечаток како да се наоѓате на некој остров од филмовите. До неодамна немаше ниту еден хотел, а сега веќе постои и одлично се вклопува во архитектурата со останатите градби во селото.

Она што го прави ова место уште по специјално се неверојатните традиционални јадења во кои не постои човек кој не ужива. Познати се и онакви кои специјално се враќаат за да вкусат од најубавите специјалитети на локалните домаќинки кои ќе ве пречекаат и нагостат со сите почести. Од јадењата морате да пробате ѓомлезе, комат, пастрмка и белвица. Неверојатниот склоп од традиционалното и модерното може да се случи токму на овие простори каде за прв пат ќе пробате и шампањ со ѓомлезе. Навидум оваа комбинација изгледа невозможна, но верувајте изненадувачки вкусна е.

Доколку сте љубител на прошетките во природа, над селото има неколку патеки каде можете да прошетате. Совршено место каде можете да подзастанете и да уживате во мирот и тишината обоени во боите на Охридската ривиера. Доколку пак, се одлучите да прошетате со кајче, можете да замолите некои од селаните да ве однесе во обиколка и да ги посетите Свети Наум и Богородица Заумска.

Уште една од работите во која со сигурност ќе уживате е волшебното зајдисонце за кое ова место е најпознато, бидејќи сонцето најдоцна заоѓа токму во прегратките на Сен Тропе.

Општи информации

  • Популација: 303 жители
  • Надморска височина: 695 - 750m
  • Општина: Охрид
  • Координати: 40°57′59″N, 20°46′59″E

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/gradovi-i-sela/poznacajni-sela/trpejca#sigProGalleriaa1594b846d

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре