Лазарополе

Со само една прошетка по околните ливади и недопрената природа, чекорејќи по беспрекорниот килим од диви треви и вдишувајќи го опојниот мирис на природните чаеви, се сигурни знаци дека се наоѓате на вистинското место- Лазарополе. Второто по големина село во Малореканскиот предел оддалечено е 5 часа од градот Дебар, на надморска висина од 1.350 метри.

Поради опкружувањето од густа дабова и букова шума и питоми планински пасишта, се создале услови за развој на сточарството, а особено овчарството. Во минатото Мијаците биле доста познати по производството на волна, млеко и млечни производни, не само за домашно производство, но и за продажба. Сточарството се пренесувало од колено на колено и секое семејство распологало со неколку коњи и овци. Меѓутоа, многу брзо ова село станува печалбарска населба, а селскиот начин на живот завршува со отселувањето на последното семејство во 70-те години на 20-от век, кога воедно Лазарополе станува туристичка населба. Ниту една трга од некогашниот селски живот нема да ја пронајдете таму. Повеќето обновени куќи се на некои лазарополци кои се враќаат од време на време да ги посетат своите напуштени огништа или да ги поминат своите пензионерски денови во мир и спокојство.

Покрај остатоците од старите разрушени куќи, може да се забележат новите изградени во современ дизајниран на селски куќи, не нарушувајќи го притоа духот на старата архитектура. Шетајќи низ стрмните кривулести сокачиња ќе добиете чувство дека се наоѓате на некое непознато место кое го нема на географската карта.

Општи информации

  • Популација: /
  • Надморска височина: 1350m
  • Општина: Маврово и Ростуша
  • Координати: 41°32′09″N, 20°41′37″E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре