Галичник

По патот кој води до Мавровско езеро, одминувајќи ги викендичките што се наоѓаат во близина, ако скршнете за миг по тесниот локален пат ќе се најдете веднаш во крилјата на едно од најубавите планински села во Македонија - Галичник. Иако патот кој води до ова селце е помалку стрмен и змиест, глетката е волшебна и рај за очи и душа. Неверојатен спој од густа шума, зеленило и падини се насликани на чудесниот пејсаж од Галичник.

Старата селска архитектура е сочувана и може да се забележи на секој агол. Интересните камени куќи од дамнешното време се обновени, а новите се градат во духот на старата традиција. Тамошните жители ќе ви речат дека таму куќа може да има само оној кој има потекло од Галичник. Во селото заспива и меморијалниот музеј што се наоѓа во куќата во која бил роден познатиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски.

Специфичната геогрграфска положба допринесува за присуство на медитеранска клима и поради тоа на овие простори изобилува диво оригано со интезивен мирис и вкус. Но, она по кое веројтно е најпознато ова магично место е препознатливиот и впечатлив вкус на единственото и најдоброто галичко сирење и кашкавал. За вистинските гурмани, специфичниот вкус веднаш ги задоволува високите критериуми на она кое се нарекува вкусно сирење. Тајната за незаменливиот вкус, како што велат мештаните, се крие не само во миризливите растенија кои растат на околните пасишта, туку и во мајсторијата и времето на одлежување на сирењето и кашкавалот.

Уште еден доста важен и препознатлив настан по кој е познато ова село е Галичката свадба. Во минатото, галичани своите свадби главно ги правеле на Петровден (12 јули) бидејќи тогаш се враќале печалбарите од туѓина, па се случувало да има дури и 50 свадби оддеднаш. Она што е доста интересно е дека свадбите траеле дури и по една недела. Писокот на зурлите и тапаните се слушале дури до Албанија и со денови се играле познатите македонски ора како „Тешкото“, „Лесното“ и „Чамчето“. Оваа манифестација прерасна во културно-туристичка манифестација и атракција за туристите, а во последниве неколку години брачниот пар се одбира по пат на конкурс.

Општи информации

  • Популација: 3 жители
  • Надморска височина: 1270 - 1450m
  • Општина: Маврово и Ростуша
  • Координати: 41°35′39″N, 20°39′11″E

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/gradovi-i-sela/poznacajni-sela/galicnik#sigProGalleriaaddf401dc0

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре