Брајчино

Вгнездено длабоко под пазувите на планината Баба, доколку сте вистински трагач по убавините на источниот брег на Преспанското езеро ќе го откриете ова мало мистично селце Брајчино со неверојатен шарм и алтернативен туризам. Вистинското доживување на сите оние кои можеби по малку им недостасува духот на традиционалното живеење во ова модерно и динамично време ќе го почувствувате токму во Брајчино, издигнато на надморска висина од 1.000 метри.

Оддалечено е само 15-ина минути од Преспанското езеро, а ползува со сите благодети кои ги дарува природната околина. Нека не ве чуди ако појдете и уште на почетокот на април и ве пречекаат расцутени јаболкници зад кои се наоѓа половина милениум непроменета дабова шума. Различните три клими кои владеат на овие предели се причина за раст и на три различни вегетации и растенија кои се типични медитерански.

Она кое што најмногу ќе ве фацинира при првиот контакт со селото е автентичната селска архитектура, односно куќите изградени од делкан камен, вклопени во дрвени огради. Иако младите бегаат во градот трагајќи по забава, оние постарите кои доаѓаат во посета сонуваат за вакво место за да ги поминат најспокојните години од остатокот на својот живот.

Во овој неисцрпен извор на рекреација и поврзување со природата, покрај сите неверојатни места каде можете да прошетате, вистински предизвик преставува патеката која води директно до Големото езеро на врвот на Пелистер.

За вистинските гурмани и уживачи во традиционалната кујна уште со самото пристигнување во Брајчно ќе бидат опиени од неодоливиот мирис на тукушто испечените домашни сукани пити. Локалните мештани се врвни мајстори во приготвување на најразлични видови слатки, сокови, ликери, а се занимаваат и со собирање на лековити билки, печурки и најразлични видови риби. Домашно приготвената храна како и сите локални специјалитети ќе можете да ги пробате во рибникот со ресторан, сместен во селото, каде што домаќините ќе ве послужат и со домашен леб, тукуѓто измолзено свежо млеко и селски јајца. Задоволството е загарантирано како и здравјето, особено за оние кои внимаваат дали храната е природна и еколошка. За ова место може со сигурност да се каже, познавајќи ја одблизу околината во која истата расте дека јадете 100% здрава, природна и што е најважно неверојатно вкусна храна.

Општи информации

  • Популација: 134 жители
  • Надморска височина: 1000m
  • Општина: Ресен
  • Координати: 40°54′23″N, 21°09′33″E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре