Виница

До пред некое време се мислело дека името на Виница потекнува од турскиот збор „арамија“, па на македонски си го превеле во Виница од „вина“. Тоа практично да немало никаква врска со оригиналното име. Турците кога пристигнале во Виница, тогашна Армониа, кој збор секако е латински, го смениле со најсличниот, „арамија“, чисто според звучноста, иако поим немале што би значело Армониа.

Па има и друга теорија, дека се вика Транупара, студија на еден научник, итн., ама најсимпатичната локална легенда е дека додека било суша таму некогаш, за градењето на куќите морале да користат вино наместо вода, и оттаму вино = виница.

На крајот на краиштата тоа не е толку битно. Битно е дека Виница се наоѓа на 400 метри надморска височина со чист воздух, незагадена природа и неоткриен потенцијал. Потенцијал за туризам. Иако е ептен мало градче, со, во кое речиси и да нема нешто интересно, сепак, си носи своја убавина посетувањето на вакви мали автентични балкански градчиња, во кои се наоѓа и по некој архитектонски-споменички остаток од комунизмот. Археологијата е присутна и во ова македонско градче, како и во останатите. Може да се најдат 5 главни наоѓалишта со спомени од неолитот до римјаните па наваму.

Да повториме, она што Вас ве интересира е недопрената природа што ја опколува Виница, и продолжува натаму накај преубавото Берово.

Општи информации

  • Површина: 334 km²
  • Популација: 10.863 жители
  • Надморска височина: 400 m
  • Поштенски код: 2310
  • Позивен број: +389 (0)33
  • Координати: 41°52′N, 22°30′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре