Куманово

Да почнеме со името на градов. Пред 1000 години сега каде што е Куманово постоело некое племе Кумани, праеле ршум, никој не им можел ништо, и толку. Нема други податоци, легенди, преданија. Куманово е населено од заебано воинствено племе.

Се поклопува доста тој факт со сегашниве кумановци, доста заебан народ, доста хумористичен со дијалект што не може секој да го разбере. Секако, како и цела Македонија, и Куманово било турска касаба, и турците граделе таму, и затоа и велам дека ние сме турци, 5 века биле овде, мора да сме!?... Шала на страна. Куманово ги има едни од најубавите македонки во цела Македонија.

Куманово денеска е населено од три вида луѓе: албанци, македонци и србомани/срби. Овие последниве се таму поради блискоста на Куманово со Србија, и си имаат веројатно некоја роднинска врска со нив.

Лесно се стига за Куманово, тоа е првиот град по граничниот премин со Србија. Не е нешто којзнае колку убав град, за волја на вистината, многу е валкан и неуреден. Ама има стари градби кои останале од времето, некои од нив се уредени, некои останале да скапуваат зашто властите немаат абер од ништо освен од политика.

За да не биде се така црно, Куманово нуди добра дружба, храна секако, која си е автентична за Куманово... и... многу манастири и цркви и една позната праисториска опсерваторија: Кокино, место каде древните шамани и врачови и астролози веројатно си го посматрале сонцето, звездите, се ладеле на ветерчето што знае да задува низ карпите и си замислувале неверојатни работи. Многу магично место! Посебно на изгрејсонце и зајдисонце.

Околината на Куманово не нуди некои којзнае какви шуми и шумски предели. Се е ниско и речиси голо. Ама затоа има манастир кој е изграден во 1313 година од тогашниот цар на Србија.

Куманово има толку многу обичаи, култура, автентичност, сокаци што нема шанси да се мачам и овде да ви ги опишувам, кои може да се доживеат најуникатно само додека ве шетаме низ градот и ви раскажуваме за нив!

Општи информации

  • Површина: 509,48 km²
  • Популација: 70.842 жители
  • Надморска височина: 330 m
  • Поштенски код: 1300
  • Позивен број: +389 (0)31
  • Координати: 42°08'00.1"N, 21°42'56.4"E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре