Кратово

Она по што се разликува овој магичен град од останатите градови во Македонија е типичната староградска македонска архитектура и безбројните мостови и кули. Кратово е сместен во североисточниот дел на Македонија и се вбројува како еден од најстарите градови во кој сеуште пулсира живот. Највозбудливото нешто од посетата на ова гратче е тоа што секоја приказна и миг ја доживувате како прв пат.

Градот Кратово се смета за една од најстарите населби во Македонија. Спокојно спие во прегратките на Осоговските планини, од двете страни на Кратовската река. Во средниот век бил значаен рударски и трговски центар во кој Дубровчаните имале своја колонија. Од кратовските рудници се добивале олово, сребро, злато, бакар и железо. За време на турското ропство, некаде во 16-ти и 17-ти век, токму на ова место се ковале сребрени пари.

Иако не се сите фукнционални, Кратово е град кој изобилува со мостови. Главно се градени над длабоки речни корита и од еден мост можете да го видите и другиот. Најпознат е Радиниот мост, но со својата убавина пленат и останатите: Гровчанскиот, Чаршискиот, Јокширскиот како и Горномаалскиот мост.

Освен прекрасните мостови со кои може гордо да се перчи овој град, Кратово е богат и со дури седумнаесет кули кои претставуваат вистински украс. Дванаесет од нив се лоцирани на левата страна, а пет на десната. Само шест од нив се зачувани, а другите се прилично оштетени.

Општи информации

  • Површина: 376 km²
  • Популација: 6.924 жители
  • Надморска височина: 600 m
  • Поштенски код: 1360
  • Позивен број: +389 (0)31
  • Координати: 42°04′N, 22°11′E

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/gradovi-i-sela/istocna-makedonija/kratovo#sigProGalleriaed5fea739f

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре