Берово

Берово, градот од источниот дел на Република Македонија, расфрлан по падините на Малешевските планини во солиден број. Тука одма е и Беровското eзеро. Ако одите во Берово од Скопје ќе треба да поминете 161 km, 47 km од Струмица и 52 km од Кочани. Кога навлегувате од Виница кон општина Берово, верувајте дека ќе уживате во секој момент додека седите во вашиот автомобил, во таа глетка што природата наоколу ја нуди... и не заборавајте да го отворите прозорецот да вдишите од тој чист воздух што го нуди Малешевијата. Ништо полошо не е и ако доаѓате од регионалниот пат што води од Струмица кон Берово.

Е, сега, има две приказни како Берово се нарекло „Берово“. Според првата, името дошло според некој си сточар Беро, а муабет за ова е Беровата ливада, негде меѓу Мачево и Робово, и се вели дека негова била. А во втората верзија „Берово“ дошло од тоа што луѓето се береле (се собирале) таму... се береле од старите населби од кај Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и другите, а потаму и од другите Малешевски села.

Малешевската Котлина нуди прекрасна температура, со умерено-континентален шмек со посвежа клима во планинските и рамнинските делови. Берово, пак, нуди уште попрекрасен амбиент. Има многу пониска средна годишна температура од подрачјата на иста надморска височина во истава котлина. Не е ни чудо, на надморска височина од 800 м, има средна годишна температура од 8,7°C, а целата котлина 11,1°C.

Ако сакате малку да помрзнете, одете во јануари, тогаш просечно стига до -10 °C, а најтопло е во јули, и тоа замислете, со просечна температура од +18°C. Ќе се сложите со мене дека нема поубаво лето од такво лето.
Советот наш е да повнимавате на месеците мај и јуни, кога можат да Ве фатат обилни врнежи, а и на ноември. Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај.
Просечно, Берово е 42 дена под снег, што е супер за зимување по прекрасните краишта.

Според пописот од 2002 година Берово има 7.002 жители. Ако сте Македоец, Турчин, Ром, Влав, Србин или Бошњак, со волку ваши луѓе можете да се подружите во Берово... ха ха... ако не сте ништо од овие, тогаш оставете на нас да ви приредиме убава дружба.

Општи информации

  • Површина: 598,07 km²
  • Популација: 7.002 жители
  • Надморска височина: 986 m
  • Поштенски код: 2330
  • Позивен број: +389 (0)33
  • Координати: 41°06”N, 23°12”E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре