Мавровско езеро

Мавровското Езеро кое спокојно се одмора во познатиот национален парк, изградено на Мавровската Река во Мавровската Котлина спаѓа меѓу трите најголеми вештачки езера земјата. Широчината на езерото е 1,46 км, во периоди кога нивото на водата е највисоко, а длабоко е 51 м.

Водата во главно се користи за производство на електрична енергија, туризам и рекреација, риболов и одгледување риби. Во селата кои се наоѓаат во близина на езерото, изградени се повеќедеценски викенд-населби. Сопствениците на куќичките, секој слободен момент го користат за посета на прекрасното Маврово и да се ослободат од секојдневните обврски и стресови предизвикани на работното место. Вистинско рај-прибежиште за опуштање. Иако Мавровското езеро се вбројува меѓу вештачките езера, едноставно плени со својата убавина и совршено се вклопува во мозаикот од пејзажи на националниот парк. Освен риболовот кој е одличен за разонода, ова планинско место ви нуди одлична можност за долги прошетки и кампување. Околу езерото поминува асфалтен пат кој можете да го искористите за обиколка и посета на скијачките терени, но и на околните села.

Кога ќе пристигне зимата езерото подмрзнува и се повелекува, па така и нивото на водата е значително помало. Постојат повеќе места од каде имате неверојатна глетка на езерото. Од скијачките терени, на пример или пак, од патот кој води до Галичник. Една од најимпресивните нешта, која ќе ве остави без здив е потопената црква во самото езеро. Само мал дел од покривот и камбаријата подѕирнуваат од езерото. Оваа црква е една од најчудесните глетки во овој крај која вреди да се погледне.

Општи информации

  • Изградено: 1947 година
  • Максимална длабочина: 50 m
  • Максимална должина: 10 km
  • Максимална ширина: 5 km
  • Координати: 41°42′N, 20°46′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре