Преспанско езеро

Второто по големина езеро, Преспанското езеро е сместено во крајниот југозападен дел, на тромеѓата на Македонија, Албанија и Грција, од кои 176,8 км2 влегуваат токму во границата на Македонија.

Преспанското езеро е богато со растителен и животински свет. Од особено значење се рибите бидејќи се поретки, па затоа голем предизвик за рибарите претставуваат белвицата, крапот, црвеноперката, скобусот, кленот, мренката и други. Кон крајот на 50-те години на 20-от век, езерото беше порибено и со охридска пастрмка која се задржала во подлабоките води. Од вкупно 13 видови риби во езерото, 6 се ендемични видови.

Од птиците кои живеат на и во близина на езерото најатрактивен е белиот пеликан кој лови риби заедно со корморанот. Пеликанот, уште попозната како голема и крупна птица која живее исклучиво во потоплите краишта на вода, кај нас може да се види само на Преспанското езеро. Интересен е начинот на кој лови риби, тој не нурка во водата туку ги лови на самата површина. Во плитките води на езерото пак, можат да се забележат чапји, галеби-норки и други птици. Во последните децении долетуваат и лебеди што не беше случај во минатото.

Покрај езерото има долги песочни плажи со неверојатно бистра и чиста вода и просечна температура од 24-28 степени Целзиусови. Идеално е за посета во било кој период од годината, бидејќи има многу сончеви денови, а ноќите се свежи и пријатни. Преспанското езеро ви нуди одлична можност за вистинска релаксација и уживање во природата и претставува едно волшебно прибежиште од секојдневието. На ова место можете да го пронајдете вашиот мир и да ги наполните батериите.

Езерото со своите 853 метри надморска висина, спаѓа меѓу најчистите езера во светот. Во езерото сместени се два острови, од кои едниот се наоѓа во нашата земја, а другиот во Грција. Поголемиот остров е наречен Голем Град или уште попознат како Свети Петар, а помалиот Мал град или Свети Павле кој се наоѓа во Грција.

Општи информации

  • Површина: 276,40 km2
  • Максимална длабочина: 76 метри
  • Максимална должина: 28 km
  • Максимална ширина: 17 km
  • Надморска височина: 853m
  • Координати: 40°54′N 21°02′W

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре