Охридско езеро

Трагите од прастариот живот на дното од неговите води ја одредува и староста на Охридското езеро меѓу 4 и 10 милиони години, а тоа воедно го прави и најстарото езеро езеро во Европа и едно од најстарите во светот. Иако во легендата на македонскиот собирач на умотворби, Марко Цепенков е запишано е дека езерото се создало благодарение на невниманието на невестата која што некоја вечер заборавила да го затвори капакот на бунарот па така водата се излеала создавајќи го езерото во околното место, се смета дека езерото постои уште многу години пред постоењето на човекот.

Епитетот македонско слатководно море, кој го краси Охридското езеро го добива не само поради сината боја која е поинтезивна од небесното синило, туку и поради својата големина. Со површина од 358,2 км2, околу две третини и припаѓаат на Македонија, а една третина на Албанија. Сместено во срцето на Охридско-струшката Котлина, се граничи со масивите Мокра Планина, Јабланица, а на албанската страна со Галичица. Веднаш над езерото, на неговиот северен брег од ридот спие древниот град Охрид.

Тајната на бистрината на водите на Охридското езеро, чија проѕирност достигнува до 22 метри се крие во многубројните извори и подводни врутоци. Во езерото се влеваат околу 40-на реки и потоци, од кои најголемиот дел од нив во текот на летото пресушуваат.

Општи информации

  • Површина: 358 km2
  • Максимална длабочина: 288 метри
  • Максимална должина: 30,4 km
  • Максимална ширина: 14,8 km
  • Надморска височина: 693m
  • Координати: 41°05′N, 20°45′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре