Дојранско езеро

Во југоисточниот дел на Македонија, на границата со Грција сместено е едно од трите македонски езера, Доранското езеро. Најзпознатата легенда зборува дека некоја девојка била толку заслепена и занесена од љубовта кон своето момче што заборавила да ги затвори изворите кои прелевајќи го целото поле го создале езерото. Дојран е место каде што луѓето можат да дојдат и да се изнадишат јод што го испуштаат ендемските видови алги што живеат во езерото, но и за да се опијат од живописната и неповторлива убавина околу езерото.

Најниските делови на долината се исполнети со езерски води, кои се опркружени со ниски ридови. Дојранското езеро се протега на површина од 43,1 квадрартни километри, од кои 27,3 километри и припаѓаат на Македонија, а 15,8 на Грција. Елипсовидната форма го прави да биде малку поспецифично. Долго е 9 километри, а широко 7. Езерото важи за ентропско, балгодарение на интензивното создавање на органска материја.

Богато е со најразличи видови на флора и фауна, од кои можете да сретнете дури и 15 видови на риба, меѓу кои се издвојуваат кострешот, плашицата и крапот. Најинересено е тоа што тука живеат над 500 видови на пеперуги, доста импресивна бројка за еден таков ограничен простор.

Отвореноста кон југ, овозможува влијание на медитеранската клима што придонесува за жешки и суви лета и благи и влажни зими. Од средината на месец мај па се до октомври, просечната температура на воздухот изнесува 20 степени Целзиусови, а на езерото 18. Додека пак, во жешките денови температурата на водата е 27 степени, што му дава карактеристика на тропско езеро.

Дојранското езеро важи за плитко езеро чија најдлабока точка изнесува 10м, а се наоѓа на надморска височина од 148м. Некогаш во езерото се ловеле 500 до 800 тони риби, а денес таа бројка е падната на 50-70. Бројката  од 60.000 посетители и 300.000 ноќевања е намалена на 20.000. Поради овој факт, од природна убавина, Дојран се претвори во еколошка катастрофа и она по кое што беше најпознат - туризмот почна да замира. Еднсотавно, колку и да ви е убаво, кога ќе дојдете на одмор не сакате да се капете во тиња и да се убедувате дека тоа е здраво за вас и вашите и деца.

Општи информации

  • Површина: 43,1 km2
  • Максимална длабочина: 10 метри
  • Надморска височина: 148m
  • Координати: 41°12′N, 22°45′E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре