Сарма

Потребни состојки:

  • 500г мелено јунешко или свинско месо
  • 200г ориз
  • 1 главица кромид
  • Магданос по желба
  • 150-200г сланина
  • 1кг кисела зелка
  • Сол и црн бибер
  • Масло за јадење

Начин на подговтовка:
Во тава на оган на загреано масло го ставаме претходно исечканиот кромид да се пржи. Откако кромидот ќе омекне посолете и додајте црн бибер. Постепено додајте го меленото месо и после некои 5 минути и сланината. Откако месото и сланината ќе се запржат додајте го оризот и магданосот. Од киселата зелка одвојте листови и од готовата смеса во секој лист виткајте сарма. Завитканите ролни наредете ги во тенџере за варење или пак во тава за печење-по желба. Помеѓу секоја ролнича може да ставите тенки листови сланина. Доколку се одлучите за варење оставете ја сармата околу еден до два часа. Ако печете рерната нека биде вклучена на 250 степени целзиусови во период од 1,5 до 2 часа. Сервирајте со везени суви пиперки и туршија. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно црвено вино од Тиквешијата. Наздравје.


Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре