Полнети пиперки

Потребни состојки:

  • 4 големи црвени пиперки
  • 500 гр. Мелено јунешко месо
  • 1 главица кромид
  • 150-200 гр ориз
  • Китка магданос
  • Маслиново масло
  • Сол и црн бибер

Начин на подготовка:
Пиперките исчистете ги од семиките и извадете им ги рачките, потоа во едно поголемо тавче на оган посипете малку маслиново масло и ставете го претходно исечканиот кромид да се пропржи. Откако кромидот ќе омекне посолете и додајте го меленото месо. Промешајте и додадете го магдоносот. Нанесете црн бибер и откако месото убаво ќе се испржи додајте го и оризот. Пропржете уште некои 10 минути и тргнете го тавчето од оганот. Од смесата наполнете ги пиперките. Ако остане од смесата можете да ја истурите во тавата за печење. Наполнетите пиперки ставете ги во рерна на 200 степени целзиусови да се печат 20 минути до половина час. Можете да сервирате со листови зелена салата и неколку шери домати.
Со ова јадење ви препорачуваме да се напиете од најдоброто црвено вино од Тиквешијата. Добар апетит.


Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре