Мусака

Потребни состојки:

  • 500г мелено јунешко или мешано месо
  • 150-200г ориз
  • Главица кромид
  • Магданос
  • Маслиново масло
  • 2 големи компири
  • Сол и црн бибер

Начин на подготовка:
Во тавче за готвење на оган посипете маслиново масло. Главицата кромд ситно исечкајте ја и додајте ја на загреаното маслиново масло. Откако кромидот ќе омекне додајте го меленото месо да се пропржи. Откако ќе се пропржи додајте го оризот и налејте 3дл вода. Мешајте неколку минути и додајте магдонос, сол и црн бибер по желба. Готовата смеса претурете ја во тава за печење и одозгора на кругови наредете ги претходно исечканите компири. Тавата ставете ја во рерна да се пече на 200 степени целзиусови 20-30 минути. По желба може да се полие и 350г кисело млеко или кисела павлака неколку минути пред да биде готово јадењето. Сервирајте на листови зелена салата со кругови црвени домати и зелена пиперка. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино од Тиквешијата. Наздравје.


Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре