Летна манџа

Потребни состојки:

  • 1кг црвени домати
  • 1кг свежи зелени пиперки
  • Сол и црн бибер
  • Масло за јадење
  • 1 јајце (по желба)
  • Магданос

Начин на подготовка:
Пиперките исчистете ги од семките и исекајте ги на коцки. На загреано масло на оган ставете ги пиперките и пропжувајте додека не омекнат и поруменат. Доматите исечкајте ги на коцки и откако ќе бидат готови пиперките додајте ги во тавата каде се пржат. Промешајте, додајте сол и црн бибер. Промешувајте околу 5 минути и по желба додајте едно јајце. На крај сервирајте водлабока чинија со неколку гранчиња магданос. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете бело вино од Тиквешијата. Наздравје.


Оди најгоре