Аман бајалди

Потребни состојки:

  • 4 модри патлиџани
  • 1 кг црвени домати
  • Китка магданос
  • 4 чешниња лук
  • Маслиново масло
  • Сол и црн бибер

Начин на подготовка:
Во тенџере на оган додајте 1л вода и малку маслиново масло. Постепено посолувајте. Модрите патлиџани засечете ги во длабиназа да можат да се филуваат со магданосот и претходно исечканото лукче. Ставете ги во загреаното тенџере. Црвените домати исецкајте ги на поситни парчиња и додајте ги во тенџерето. Посолете и нанесете црн бибер. Оставете го да се вари 15 до 20 минути. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно црвено вино од Тиквешијата. Добар апетит.


Оди најгоре