ГурманСлаткиТулумби

Тулумби

Потребни состојки

  • 300 г брашно
  • 100 мл масло за готвење
  • 500 мл вода
  • 6 јајца
  • 800 г шеќер (за шербет)
  • 400 мл вода (за шербет)

Начин на подготовка
Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган. Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса. Шприцот за тулумби наполнете го со смесата. Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот. Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја. Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп. Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.


Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре