ГурманСлаткиСутлијаш

Сутлијаш

Потребни состојки:

  • 1 литар млеко
  • 1/2 литар вода
  • 1 шоља ориз
  • 10 големи лажици шеќер
  • 1 паќетче ванила
  • За декорација малку цимет и суво грозје

Начин на подготовка:
Истурете го млекото во тенџере на оган и чекајте додека не зоврие. Откако ќе зоврие намалете ја температурата на која претходно вриело млекото и додајте ја водата. Потоа, додајте го оризот и мешајте повремено за да не ви се залепи смесата за дното на тенџерето. Додајте го и шеќерот, промешајте и исклучете ја загреаната рингла. На крајот истурете ја кесичката ванила. Сутлијашот е готов откако оризот ќе биде добро сварен и омекнат. Послужете го во чинии наменети за сутлијаш или пудинг, а можете да декорирате со цимет и малку суво грозје. Уживајте во овој вкусен десерт!


Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре