Кадаиф

Потребни состојки

  • 150 г путер (растопен)
  • 300 г кадаиф
  • 200 г мелени ореви
  • 100 г суво грозје
  • 1 кора од лимон
  • 1 кора од портокал
  • 1 сок од лимон
  • 350 г шеќер (состојки за сируп)
  • 500 мл вода (состојки за сируп)
  • 1 ванилин шеќер (состојки за сируп)
  • 1 исечкан на крукчиња лимон (состојки за сируп)

Начин на подготовка
Дел од растопениот путер распоредете го во плехот за печење. Наредете дел од кадаифот, посипете со мелени ореви и рендана кора од лимон и портокал. Повторно додадете од растопениот путер и посипете со сувото грозје. Постапката повторете ја се додека не ги потрошите сите состојки. Одозгора сипете сок од лимон и печете 15 минути на 180 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја. Во лонец со вода, ставете шеќер, крукчиња свеж лимон, ванилин шеќер и преостанатото суво грозје. Гответе го 10 минути. Испечениот кадаиф прелијте го со сирупот и на површина распоредете ги крукчињата лимон. Кадаифот се сервира ладен.


Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре