ГурманСлаткиБаклава

Баклава

Потреби состојки:

  • 700 гр кори
  • 400 гр мелени ореви
  • 200 гр чоколада за готвење- рендана
  • 250 гр путер

Начин на подготовка:
Се редат по 2 кори и се превиткуваат на пола и се попрскуваат со вода. Се редат 3 лажици од филот и се виткаат во ролат. Откако ќе се завиткаат корите се поливаат со топен путер-оладен . Се посипуваат сите ролати, се засекува на парчиња и се става да се пече на претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови. Се пече 20 минути, а на 10 минути се врти за да се испече од двете страни.

За шербет:
900 гр вода се става да зоврие во тенџере на оган, се додава 100 гр шеќер, откако ќе зоврие се додава ванила шеќер и сок од 1 лимон. Претходно испечената баклава ја оставаме да се олади 5-10 минути и потоа ја преливаме со врел шербет. Се покрива со целофан и ја оставаме да отстои 24 часа. Со овој десерт ви предлагаме да се напиете македонско црно кафе.


Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре