Од височините

Нова година на Титов Врв

Нова година на Титов Врв

Членовите на планинарскиот клуб „Македон“, Петар Ивановски и Стоицев Стоилко новата 2018 година ја дочекаа на Титов врв 2747 мнв. Нив ги при...

Red Fox ELBRUS Skyrace 2017 / MKD Team

Red Fox ELBRUS Skyrace 2017 / MKD Team

Кратко видео од првото учество на македонски тим на трката “Ред Фокс Елбрус“ до највисокиот врв во Европа - Елбрус 5642 мнв. Целиот тим во с...

Весо Овчаров: За акро параглајдинг потребна е ментална сила!...

Весо Овчаров: За акро параглајдинг потребна е ментална сила!

Весо Овчаров е најдобриот бугарски акро параглајдерист и еден од најдобрите во светот. ...

Достигнувања

13 годишен битолчанец искачи 24 врва без професионална планинарска опрема...

13 годишен битолчанец искачи 24 врва без професионална планинарска опрема

Еден од најнадежните млади битолски планинари, 13-годишниот Антониј Трајчевски, минатата година освои дванаесет планински врвови, притоа иск...

Првиот слеп човек на Еверест

Првиот слеп човек на Еверест

Американецот Ерик Вехенмајер е заболен од јувенилна ретиносхиза, генеричка болест поради која има оштетување на видот. Роден е на 23 септемв...

Нов брзински рекорд на „Носот“ на Јосемити

Нов брзински рекорд на „Носот“ на Јосемити

Двајца качувачи поставија нов брзински рекорд во искачувањето на најпознатата исконска насока Ел Капитан во Јосемити. ...

Совети

Битно е да се тргне, опремата се набавува цел живот...

Битно е да се тргне, опремата се набавува цел живот

Најдобро е да се тргне од наједноставните планини кои ни се во близина, секој град во близина има барем една лесна планина или рид за почетн...

5 мобилни апликации за авантуристи

5 мобилни апликации за авантуристи

Денес, напредокот на технологијата и развојот на апликациите за паметни телефони ни даваат целосна слобода да го организираме самото патувањ...

Трчањето ги ублажува сипмтомите на алергии

Трчањето ги ублажува сипмтомите на алергии

Со трчање се ублажуваат симптомите на алергии и до 70 проценти, покажало едно истражување на британски научници. ...

Места за посета

Природен спа скриен во Тоскана

Природен спа скриен во Тоскана

Тоскана е омилено туристичко место за посетителите од целиот свет. Секое годишно време има своја магија поради што неретко ќе наидете на гол...

10 балкански места кои мора да ги посетите барем еднаш!...

10 балкански места кои мора да ги посетите барем еднаш!

10 балкански места кои треба да ги посетите во вашиот живот. Денес е вашиот среќен ден, ние ги избравме најдобрите балкански места кои треба...

Неверојатниот Исланд: совршена дестинација за сите авантуристи...

Неверојатниот Исланд: совршена дестинација за сите авантуристи

Со најдолга независност, со најстар парламент на светот, со неверојатни природни феномени, Исланд моментално е една од најинтригантните свет...

Разно

Денес ни пристигнува зимата

Денес ни пристигнува зимата

Денес, на северната Земјина полутопка почнува зимата, а во истиот момент, на јужната Земјина полутопка почнува летото. ...

Преселба во шума: Станавме алергични на современиот живот!...

Преселба во шума: Станавме алергични на современиот живот!

Живееле во град, но не им се допаѓала градската гужва и загаденоста. Се преселиле во долината и за само шест недели изградија колиба. Сега в...

Кои се најбараните дестинации на Google за 2017 година?...

Кои се најбараните дестинации на Google за 2017 година?

Секоја година, Google ја претставува својата листа со најбараните дестинации. Погледнете ги првите десет за 2017 година. ...

Tрадиционална планинарска акција Љуботен 2017

Категорија
Планинарење
Датум
12 Ноември 2017 06:00 - 20:00
Локација
Љуботен
Телефон
070 725 880

Tрадиционална планинарска акција во чест на 13 ноември – ден на град Скопје. Љуботен е на грбот на град Скопје. Организатор: ПСД Макпетрол Скопје.

Ова искачување е едно од потешките и напорни искачувања бидејќи се совладува висинска разлика од околу 1800м и бара солидна кондициона подготвеност на учесниците. Но со оглед на погодноста што постои планинарски дом на 1626мнв можат да учествуваат и учесници од сите возрасти – од 7 до 77 години. Успех е да се стигне и до домот, односно да се престојува цел ден во природа, на чист воздух.

АКЦИЈАТА Е ЕДНОДНЕВНА

П Р О Г Р А М А:

12 ноември 2017 (недела) – Во 06ч. поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта2. Пристигнување во Старо Село (700м.н.в.) околу 07.30ч. Формирање на колона и поаѓање кон планинарскиот дом Љуботен (1626мнв).

Одмор за топол чај. Потоа повторно во организирана колона поаѓање кон врв Љуботен 2499м.

Очекувано пристигнување на врвот околу 12 – 13ч. Краток одмор за фотографирање и закрепнување со нешто слатко и потоа враќање назад во пл.дом. ВРВОТ СЕ ЗАТВОРА ВО 13.30ч. СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ДО ТОЈ МОМЕНТ НЕ СТИГНАЛЕ НА ВРВ СЕ ДОЛЖНИ ДА СЕ ВРАЌААТ КОН ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ЉУБОТЕН. ОВА ПОСЕБНО ГО ПОТЕНЦИРАМЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРЕМЕ (магла, силен ветер, суснежица) БИДЕЈЌИ ВО ТАКВИ УСЛОВИ НЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГУБИ. Следи спуштање во Старо Село и заминување за Скопје. Автобусите ќе заминуваат сукцесивно еден по еден штом ќе се наполнат до последно место.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:планинарски кондури, кабаница за дожд, капа, ракавици, стапчиња, облека според временските услови, 1л вода. Храна од ранец. Никако немојте да дојдете во летни патики!

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ:300 денари. За деца до 12г бесплатно. Автобусите ќе се движат по бул. Партизански одреди. Собирни места : кај ДРАМСКИ ТЕАТАР (ХОТЕЛ КАРПОШ) и КАЈ ЦУЈО (на почеток од Ѓ.Петров). СЕКОЈ УЧЕСНИК ПРИ УПЛАТАТА ЌЕ ДОБИЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО КОЈ АВТОБУС Е СМЕСТЕН (очекуваме да се наполнат 2 – 4 автобуси).

ВАЖНА НАПОМЕНА– Должност е на сите учесници да се придржуваат кон упатствата и наредбите од водичите. Движењето ќе се одвива по утврдената маркирана патека. За секое самоиницијативно напуштање на групата и движење по други патеки организаторот не сноси никаква одговорност. Заради увид во бројната состојба учесниците кои евентуално би се вратиле со друг превоз должни се да го известат водичот или шоферите на автобусите. Пожелно е да имаме тел. број од сите учесници, а сите учесници да имаат тел.број од водичот.

ВО СЛУЧАЈ НА ЈАКО НЕВРЕМЕ ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ НА УЧЕСНИЦИТЕ ОРГАНИЗАТОРОТ МОЖЕ ДА ЈА ОТКАЖЕ ИЛИ ПРЕКИНЕ АКЦИЈАТА.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА ДО 6 ноември 2017.

Тел. 070 725 880, 070 268 435, 070 200-506.

 
 

Powered by iCagenda

Активности

Туринфо

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре