БлогОд височинитеЗапочнува пролетната сезона на Хималаите

Започнува пролетната сезона на Хималаите

04 Април 2018
Започнува пролетната сезона на Хималаите

Пролетта не е ни помалку интересна сезона од изминатата зима, особено кога станува збор за експедиции на највисоката планина на светот. Постои време кога различни групи на луѓе одат на Хималаите да ги исполнат целите кои ги замислиле.

Во областа на Еверест... ќе биде интересно

Во пролетната сезона, највисокиот врв во светот ќе се сретне (а можеби и не) со планинари од различни националности и возрасти кои исто така имаат различни мотиви.

Меѓу нив, на пример, се Американците Мет Мониз и Вили Бенгаст кои ќе се обидат да стапнат на покривот на светот додека бараат одговор за тоа како близнаците се прилагодуваат на толкава надморска височина. За таа цел, тие ќе ги вклучат своите браќа и сестри во нивната студија. Се чини дека и Мет и Вили имаат близнак - Кејли Монис и Дамиен Бенгаст. Студијата на двајцата планинари ќе се одржи во три фази - пред, за време и по експедицијата.

Во меѓувреме, 70-годишниот кинез Чиa Боји кој има две ампутирани екстремитети, исто така, ќе се обиде да стапне на покривот на светот. Тој веќе доби официјална дозвола од владата во Непал да се упати кон Еверест. Ова се случи кратко време откако беше укината забраната за искачување на врвот на светот од луѓе со ампутирани екстремитети.

Ова ќе му биде петти обид на овој планинар да се искачи на 8848 метри оваа пролет. Првиот беше во 1975 година кога всушност ги изгуби двете нозе од смрзнување. Сепак, тој продолжува да ја следи својата цел да се качи на покривот на светот. Тој е мотивиран за она што предстои и се надева дека неговиот 40-годишен сон ќе стане реалност.

Даулагари

Не можеме да не ја споменеме легендата во алпинизмот - Карлос Сорија. 79-годишниот Шпанец повторно ќе се врати на Хималаите оваа пролет и ќе го направи својот седми обид да се искачи на седмиот највисок врв во светот - Даулагари. Ако Сорија го направи искачувањето, тоа ќе биде 13-та осумилјадарка од неговото богатство.

Македонци на Хималаите

Да не заборавиме дека и нашите Здравко Дејановиќ и Ѓорѓе Петков се на пат кон Хималаите. Дејановиќ ќе се обиде да ја искачи својата 4та осумилјадарка, Кангченџунга, а после тоа доколку дозволат условите да се обиде да го искачи и Лотце, додека Ѓорѓе Петков е во трка кон покривот на светот - Монт Еверест.

Им посакуваме успех на сите качувачи оваа пролет.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре