БлогМеста за посетаВодопадот Баатара - заливот на трите моста

Водопадот Баатара - заливот на трите моста

09 Октомври 2017
Водопадот Баатара - заливот на трите моста

Водопадот Баатара може да се нарече дека е еден од најубавите во светот!

Не е случајно што тој е меѓу најпосакуваните дестинации за посета во Азија. Оваа волшебна креација на природата се наоѓа во либанското село Бала на 1150 метри надморска височина, а водите се спуштаат од околу 255 метри. Ако ја посетувате престолнината Бејрут, не пропуштајте да се упатите до Баатара бидејќи водопадот е оддалечен само 76 километри.

Лесно е да се стигне и неспорно дека вреди да се посети. Често овој водопад го нарекуваат „јазот на трите моста“, поради трите природни моста кои висат над варовната пештера.

Најдоброто време за посета е во април и мај. Тогаш од врвовите над долината тече вода од пролетното топење на снегот и водопадот е најспектакуларен и полн со вода.

Ова место е омилено и за професионални планинари и алпинисти кои уживаат на екстремен терен.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре