БлогОд височинитеВесо Овчаров: За акро параглајдинг потребна е ментална сила!

Весо Овчаров: За акро параглајдинг потребна е ментална сила!

17 Декември 2017
Весо Овчаров: За акро параглајдинг потребна е ментална сила!

Весо Овчаров е најдобриот бугарски акро параглајдерист и еден од најдобрите во светот.

Го прошетал пола свет и летал на висини преку 7000 метри, а како стојат работите не планира во скоро време да се симне на земја. Весо Овчаров акро параглајдерист од Бугарија го освојува светот со своите храбри маневри во воздух и проекти на необични локации. Моментално е во Бугарија каде работи на проект за Red Bull Birds eye со колегата од Србија Петар Лончар и неколку други спортисти.

Со кои спортови си се занимавал пред да го откриеш акро параглајдингот?

Скијам од моја трета година, а фристајл сноубордингот ми е практично занимање бидејќи диломирав на спортската академија. Параглајдингот сосема случајно го открив кога еднаш имав можност на планина да видам параглајдерсти. Ми се допадна, меѓутоа тогаш бев многу млад да пробам. Прв пат летав со параглајдер измеѓу 2000 и 2001 година, а посебно внимание ми привлече акро летањето. BASE скокањето прв пат го пробав благодарејќи на Петар Лончар.

Кои се најимпресивни места на кои си летал?

Секое место је убаво ако имаш добри услови за лет и секако ако прв пат леташ на тоа место, но најимпресивно ми беше во Пакистан, каде оваа година бев по втор пат. За мене тоа беше како сон. Тоа е истиот спорт кој го правиш на други места, но да се лета меѓу оние планини едноставно ти пружа неверојатно задоволство и те остава во неверување, со полу-отворена уста. Сум летал и во Африка, тоа е доживување за себе, бидејќи кога ќе слеташ во некое мало село околу тебе се собираат многу деца кои никогаш не чуле за параглајдинг, а дури не ни виделе некој тоа да го прави во живо.

Додека изведуваш акробации имаш единствен поглед на она што те опкружува. Како изгледа светот од твој агол?

Многу е возбудлив. Имаш чувство како да си во сон или видео игра. На почетокот си: „Ваууу!!!“ Подоцна веќе се навикнуваш и навистина е како да си во сон. Во акро параглајдингот имате 7G сила со која морате да се борите што е сосема доволно да ве држи будни и возбудени.

Што најмногу сакаш да изведуваш во воздух?

Тоа кај мене се менува секоја година, затоа што кога имам омилен трик го правам толку многу додека не ми здосади. Сега го сакам mac twist - тоа всушност е стар маневар кој не го правев многу во минатото. Трикот е толку брз и опасен што неретко ја губам кацигата правејќи го.

Кога сме кај опасностите, мислам дека не мора да зборуваме за тоа колку акро параглајдингот е ризичен спорт, туку колку пати ти си имал екстремно ризични ситуации?

Акробатското летање е многу опасно. Пред се секој маневр мора да го знаете перфектно и движењата се многу брзи. Со вежбање често грешиме и секогаш имаме резервен падобран, некогаш дури и два. Ми се случувало да го исфрлам резервниот падобран. Бидејќи сигурноста е на прво место некогаш го отворам резервниот падобран за секој случај, а многу е веројатно и да слетам безбедно дури и да не сум го отворил.

Како акро параглајдерист учествуваш на различни манифестации, како што се аеромитинзите, и натпреварите, но и проекти како тој во Пакистан. Што најмногу ти годи тебе?

Сите три елементи се важни и кој и да се занимава со спорт би требало да проба да ги има сите овие сегменти, бидејќи што и да правиш премногу ќе ти здосади. На натпреварите оваа година немав среќа, имав проблеми со крилото. Проектите се супер, работејќи на нив можеш да бидеш креативен, едноставно го работиш тоа што го сакаш и чувствуваш во тој момент, не постојат судии. Тоа е микс од патувања и авантури и одлично е. Акро манифестациите истотака се супер бидејќи имаш контакт со луѓе. Тогаш знаеш дека сите очи се вперени во тебе.

Дали за акро параглајдинг се потребни некои посебни вештини?

За спорт како што е акро параглајдинг и BASE скокање најдобро е да се има бистар ум и ментална сила. Не би требало да ги слушате баш сите инстинкти, бидејќи многу наши стравови се инстинктивни, но затоа имаме мозок да размислуваме. Тогаш си велиш себеси: ОК, ова е опасно, но знам да го изведам на најбезбеден можен начин. Тоа е најважно. За занимавање со овој спорт не е потребна некоја посебна подготовка во вид физички вежби, секако доколку одите во теретана нема да ви пречи.

Спремаш ли некој нов проект во скоро време?

Петар Лончар и јас направивме прилично голем план и колку толку го исполнивме календарот за наредната година. После Бугарија одиме во Кина, па на Хаваи, бидејќи веќе купивме карти. Таму ќе останеме 14 дена и ќе летаме над вулканите и островот, и се ќе снимаме.

Кон крајот на годината патуваме за Намибија. Летањето таму е навистина единствено чувство поради песочните дини. Условите за летање се фантастични и можеш буквално да си играш со параглајдерот и да уживаш во необичните предели. Следната година планираме турнеја низ Азија. Ќе ги посетиме Тајланд, Филипини, Индонезија, Виетнам, а после во сите земји ќе се задржиме околу две недели со што би ги обиколиле вулканите и ќе снимаме на значајни локации.

Потоа одиме во Јемен во Африка каде истотака работиме на проект, па оттаму патуваме во Бразил во април на специјално место кое се вика Панкас. Тоа е навистина неверојатно место, изгледа како парк од времето на Јура. Венецуела ќе ја оставиме за октомври и таму над водопадите ќе правиме синхро трикови. За наредна година планираме и неколку настапи во Србија. Светот е некогаш мал, некогаш голем. Има толку места на кои не сме летале, а сакаме и се надевам дека во наредните години тоа ќе го оствариме. Изгледа како прилично пополнет распоред, но мислиме дека е реален.

Некоја поука за крај?

Мора секогаш да се држите до тоа што ве прави среќни. Немојте да мислите дека е доволно што сте се разбудиле со фанстастична идеја во глава, туку станете и спроведете ја на дело. Потоа мора да направите нешто, не само да го замислувате тоа. Пробајте повторно, и повторно, никогаш не се откажувајте!

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре