БлогМеста за посетаТоп 10 дестинации за Нова Година

Топ 10 дестинации за Нова Година

11 Ноември 2017
Топ 10 дестинации за Нова Година

Сакате да ја дочекате Новата година на некое убаво место на кое освен што ќе славите, ќе можете да си направите и кратка екскурзија?

Проверете ги нашите предлози за европски дестинации каде што сигурно ќе го почувствувате празничниот дух.

1. Амстердам, Холандија

Амстердам, Холандија

Градот бил основан во 13 век на мочуришта и ливади. Денес се наоѓа на 50 канали над кои има 500 мостови и затоа се нарекува холандска Венеција. Може да ја истражувате Кралската палата, која се наоѓа во срцето на Амстердам. Таа се смета за една од најзначајните културно-историски знаменитости на градот од 17-тиот век. Палатата содржи импресивна колекција на мебел, скулптури, часовници и лустери од 18-тиот и 19-тиот век. Денес кралицата Беатрис ја користи за официјални церемонии.
Друго интересно обележје е Кралскиот музеј. Има континуирана колекција која датира од 15ти до 19ти век. Вклучува дела од холандските мајстори - Рембрант, Франс Халс, Вермеер. Тука е и музејот со најголемата збирка на дела од Ван Гог. Прошетајте по плоштадите на Рембрант и Лидз. Тие се центар на ноќниот живот на градот, опкружени со кафулиња, ресторани, клубови, кина и продавници.
Ќе биде вистински пропуст да дојдете овде, а не да го видите Црвениот кварт. Тој постои 700 години. Може да си направите прошетка со брод по каналите - шармантни и релаксирачки во текот на денот или маѓични и романтични во текот на ноќта кога се осветлени, каналите вистински живеат. Тука се наоѓа и музејот на дијаманти.
Новогодишната ноќ може да ја поминете во ресторанот на хотелот во кој сте сместени или во центарот на плоштадот Дам, каде што секоја година се собираат илјадници луѓе и слават на отворено.

2. Барселона, Шпанија

Барселона, Шпанија

Запознајте ја Новата година со вистинска фиеста! Традиционално, Шпанците се собираат на покојна вечера за да ја испратат старата година. По полноќ се упатуваат кон најпопуларните места во градот каде ја дочекуваат Новата година: брдото „Монтжуик“ со волшебната фонтана и плоштадот „Еспања“, и улицата на уметниците „Рамбла“. И не заборавајте - за да е исполнета со среќа Новата година, точно на полноќ, треба да изедете 12 зрна грозје - по едно на секое ѕвонење на часовникот!
Додека сте во Барселона, може да го разгледате плоштадот „Каталонија“, познатата улица „Рамбла“, споменикот на Колумбо и готската катедрала. Не пропуштајте ги и „Саграда Фамилија“, музејот на „Пикасо“, „морскиот музеј“ и еден од најголемите аквариуми во Европа.
Ако ви се допаѓаат весели места го препорачуваме паркот „Гуел“. Тој е дизајниран по нарачка на индустријалецот Гуел, кој мечтаел да изгради еколошко и волшебно убаво место за живеење. Се состои од две куќи кои личат како излезени од приказните.
Потоа може да се прошетате по улицата на модернизмот - Пасеж де Грасиа со двете куќи на Гауди - Каса Мила и Каса Батло. Подоцна може да ги посетите плоштадите „Еспања“ и „Пуебла Еспањол“ или „шпанското село“ - етнографски комплекс со бројни продавници и ресторани, каде што можете да видите куќи и занаети од различни области на Шпанија.
Новогодишната ноќ може да ја поминете во центарот на градот каде што има многу музика и забава.

3. Будимпешта, Унгарија

Будимпешта, Унгарија

Ако сте ја одбрале оваа дестинација, тогаш задолжително посетете го Собранието - една од најголемите парламентарни згради во светот. Може да го разгледате замокот „Будавар“ со рибарски кули, од кои се открива прекрасен панорамски поглед на Дунав и Пешта. Многу е убава и катедралата „Св. Матијаш“ која го носи името на најпознатиот унгарски крал, кој двапати бил венчан во храмот. Истражете ја и Цитаделата - подигната од Хабсбурговците, за да се брани „бисерот на Дунав“ од напади. Друга атракција во унгарскиот град е Плоштадот на хероите - огромен ансамбл од споменици, изградени во чест на 1000 години од основањето на Унгарија.
Следниот ден може да се прошетате до Големиот залив на Дунав и романтичното гратче Сентендре. Тоа е основано од српски доселеници - со тесни живописни улички, бројни продавници за сувенири, галерии и музеи. Посетете ја тврдината „Вишеград“ - некогашна летна резиденција на унгарските кралеви и старата престолнина Естергом - католички духовен центар каде се наоѓа најголемата катедрала во Унгарија.
Новогодишната ноќ може да ја поминете во традиционалните ресторани во центарот на градот со посебна програма.

4. Лисабон, Португалија

Лисабон, Португалија

Вашата прошетка во Лисабон може да започне од Маркес де Помбал и квратот Баја. Тој е реставриран по земјотресот во 1755 година. Други места на кои може да се почувствува атмосферата на градот се плоштадите: „Роси“, „Фигеира“ и „Комерсио“.
Може да изберете да ја дочекате Новата година во ресторанот на хотелот во кој сте сместени, или некое локално местенце или низ улиците на градот. Секоја година илјадници луѓе се собираат на познатиот плоштад Комерсио за Нова Година.
По новогодишната ноќ време е да пробате нешто ново и типично португалски: шоуто Фадо со традиционална вечера. Фадо е музички жанр кој се појави во почетокот на 19ти век како резултат од мешање на традиционалната грчка, римска, арапска и бразилска стилска музика. Фадо игра важна улога во португалскиот национален идентитет и ја открива нивната мека и меланхолична душа. Во Фадо се користи гитара со 12 жици. Секоја Фадо вечер е уникатно искуство, придружено со пријатна храна и пијалок.

5. Женева, Швајцарија

Женева, Швајцарија

Започнете пешачка прошетка од заливот со 140-метарската фонтана Же д'О - еден од симболите на градот. Не пропуштајте го и островот на Жан-Жак Русо со статуата на големиот француски филозоф и писател. Вистинскиот дух на Женева може да се почувствува во стариот дел на градот. Дозволете си да се изгубите меѓу тесните улички во кои се вгнездени убави камени згради со дрвени врати, трим кафулиња, ресторани и мали продавници. Ќе ја видите катедралата Сен Пјер, општината, централниот плоштад „Бург де Фур“ и фонтаната од 18-тиот век. Не пропуштајте ја и најстарата куќа во градот - „Тавел“. Таа е претворена во музеј на историјата на Женева, а влезот е бесплатен.
Можностите за дочек на Нова година во Женева се најразлични. Некои избираат стандардно да го поминат празникот во ресторанот на хотелот. Ако сакате нешто посебно, ви препорачуваме да го посетите барот на брегот на Женевското езеро. На полноќ огнометот се одразува во релаксирачките води и пејзажот се претвора во вистинска цветна градина.
Откако ќе се одморите од новогодишната ноќ, може да го посетите алпското одморалиште Шамони. За оние кои сакаат повеќе се нуди искачување со воз до панорамата на Мон Блан!

6. Валета, Малта

Валета, Малта

Главниот град на Малта, Валета, треба да се види од страна на секој патник кој ја посетил земјата. Изградена е во 16-тиот век, тоа е еден скапоцен камен на класична барокна архитектура. И покрај многуте промени низ вековите, главниот град го задржал својот шарм и магнет до денешни денови и е омилено место на туристите од целиот свет. Може да започнете прошетка со посета на градината Барака, од која се открива прекрасен поглед на пристаништето и целиот град. Продолжете ја турата во катедралата изградена од витешки орден на Св. Јован, а потоа и со прошетка низ центарот на градот. Познат по непогрешливи историски значајни градби од рангот на Палатата на Великиот Господар.
Другиот ден може да си направите 20-минутна прошетка со ферибот до Гозо. Ова е втор по големина остров во архипелагот на Малта. Посетете го живописниот залив Шленди, како и Цитаделата во главниот град на островот Викторија. Продолжете турнеја со еден од најстарите храмови за богослужба во светот - Дгантија. Островот е популарен и со производи од рачно изплетена чипка и волна, како и со производството на мед и сирење. Одвојте време за дегустација и шопинг.
Во Малта може да ја дочекате Новата година на локален традиционален начин - на отворено. Во централниот дел се собираат илјадници локалци и туристи, кои во текот на целата ноќ се забавуваат и споделуваат здравица.

7. Милано, Италија

Милано, Италија

Започнете ја посетата на Милано од Пјаца дел Дуомо, која се наоѓа на огромната катедрала во неоготски стил - „Дуомо“, наречена „чудото на Италија“. Истражете ја Ла Скала - еден од најпрестижните светски оперски театри, замокот „Сфорцеско“, изграден во 1368 година, црквата „Санта Марија дел Грацие“, каде се наоѓа „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Не пропуштајте го музејот на „Науките и уметностите“.
Прошетајте по улицата „Монтенаполеоне“ и нејзините разграноци за трговија на мало со модните стоки. Видете ја покриената галерија на Виктор Емануел II во форма на крст со застаклени тавани, каде што се наоѓаат најпознатите продавници и ресторани.
Следниот ден може да се искачите до градот Бруно, каде се открива прекрасен поглед кон езерото Лаго ди Комо, и каде се наоѓа вилата „Белависта“.
Може да ја пречекате Новата година на Пјаца дел Дуомо со огромната катедрала - „Дуомо“, каде се собираат локалците или да резервирате маса во ресторан кој нуди традиционална кујна.

8. Париз, Франција

Париз, Франција

Најдобро започнете со панорамски разглед на Париз - Домот на инвалидите, изграден во 17-ти век од Луј XIV со цел таму да бидат сместени 4000 повредени ветерани. Мостот на Александар III, Малата и Големата палата, Плоштадот „Конкорд“, на кој за прв пат е поставена гилотина. Потоа може да се одморите во паркот Тоилери.
Продолжете ја пешачката тура на плоштадот „Вандом“, посетете ја Гранд Опера, дизајнирана од страна на Шарл Гарние, за да го претвори величеството на Наполеоновата Франција. Сигурни сме дека ќе сакате да ја погледнете Триумфалната капија и Ајфеловата кула, па одвојте доволно време за нив.
Нредниот ден може да си направите кратка екскурзија до Палатата Версај, од рефлексивниот златен век за Франција на Луј XІV. Дочекот на Новата година може да го поминете во ресторанот на хотелот или во некое локално местенце. Не пропуштајте да излезете надвор и да го доживеете огромниот огномет.

9. Рим, Италија

Рим, Италија

Сигурни сме дека ако доаѓате за прв пат во Рим, првите работи што ќе сакате да ги видите се: Колосеумот, Римскиот форум, Капитол и Пјаца Колона. Не пропуштајте да ја посетите и црквата „Сан Клементе“, која исто така е обележје за градот. Наредниот ден можете да направите обиколка на барокниот Рим. Посетете ја познатата Пјаца Навона - претходно била антички римски циркус, а во 15-тиот век се претвора во плоштад, каде што денес се наоѓа Фонтаната на Бернини. На плоштадот има многу убави слики од локалните уметници. Прошетката може да продолжи по Пантеон, уникатната Фонтана ди Треви, плоштадот „Шпанија“ и да заврши на Пјаца ди Пополо. За вечера, не пропуштајте да посетите некои од пријатните традиционални ресторани во градот.
Новата година може да ја дочекате на плоштадот Република, заедно со илјадници туристи и локални жители, со звуците на традиционалната музика и танци. Цела ноќ плоштадот е центар на прославите, а арената на разни забави и програми. Климата е погодна за поминување на ноќта на отворено, а пијалоци и разни деликатеси се продаваат за затоплување. За новогодишната ноќ метрото функционира и може да се вратите во секое време.
Следниот ден може да го посетите Ватикан. Не пропуштајте го културното и историското наследство на Ватикан, броејќи 11 музеи со 5 галерии и 1400 сали. Посетете ја Систинската капела и собите на Рафаел, како и базиликата Свети Петар. Таа е најголемата христијанска црква во светот. Се верува дека светецот е закопан таму.

10. Лондон, Англија

Лондон, Велика Британија

Почнете да го истражувате градот со панорамска турнеја на: Вестминстерската опатија, Парламентот, кулата Биг Бен, паркот „Св. Џејмс“, Хајд парк, Бакингемската палата, Окото на Лондон - најголемото Ферис тркало, издигнато во чест на новиот милениум, кое стана симбол на градот. Следниот ден, посетете ја катедралата Свети Павле. Таа е трета по големина во светот, позната како „симболичко срце во Лондон“. Приуштете си патување со брод по реката Темза до Гринич. Посетете ја Кралската опсерваторија, каде што е лоциран нултиот меридијан (Гринич). Ако сакате да се прошетате, ви го препорачуваме реонот Вестминстер и Сохо: плоштадот Трафалгар, Лестер Сквер, Пикадили сквер.
Новогодишната ноќ може да ја поминете на бреговите на реката Темза во Окото на Лондон. Постои разнобоен годишен огномет. Може да изберете ресторан со традиционална кујна, која нуди празнична програма.

Тагови:

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре