БлогОд височинитеШто е планинарење, а што алпинизам?

Што е планинарење, а што алпинизам?

11 Април 2018
Што е планинарење, а што алпинизам?

Кога ќе се спомне планинарење на овие простори обично лаиците, но и големиот процент на членовите од планинарските друштва мислат дека планинарењето е исклучително некоја тура на планина, искачување на некој врв, прошетка во шума и сл.

На пример нечие познавање на ориентацијата обично се запазува дека тој е само повешт од другите, и дека со помош на чудните направи, бусола и компас научил да се снаоѓа во природа, според тоа, ако некој е склон да се искачува по карпи - за него се вели дека е похрабар од другите, или луд. Во овој ред се нижат неверојатни примери за нагодување што е планинарење. Непрекинатата низа на заблуди и површности е подолга. Меѓутоа денес во светот на планинарењето нема никакви случајности, се е веќе добро познато, можни се само усовршувања.

За жал сите оние кои со години се во планинарските кругови, и досега не дознале што се подразбира под планинарење, или нешто повеќе за планинарењето, можат да се заблагодарат на луѓето кои ги предводат планинарските друштва и сојузи. Според овие примери се повеќе ги има оние членови во планинарските друштва, кои поминале две години, притоа направиле десетина прошетки по планините, а потоа формирале свое планинарско друштво.

Како може нешто повеќе да се дознае за планинарењето од тие луѓе. Парадоксот е очигледен.

Може да се рече дека планинарењето за човекот во денешно време е најздравата физичка активност која се одвива во природа.

Терминот планинарење е само широк поим за бројни активности и спортски дисциплини кои потпаѓаат под планинарење, а тоа се: разни излети и тури на лесно пристапни планини, високогорство, спелеологија, горска спасителна служба, служба на водичи, ориентација, турно-скијање, планинарски трансверзали, алпинизам и спортско качување.

Според меѓународните таблици од планинарството излегоа и спортовите како:

  • Алпинизам
  • Ориентационо трчање
  • Спортско качување
  • Слободно качување

Можеби после овие спортови може да се додадат и некои кои произлегоа од планинарските активности:

  • Параглајдинг
  • Змајарство
  • Планински велосипедизам

Овие спортови имаат нешто заедничко, а тоа е заминувањето на планина за да може да се изведе барем стартот. Инаку планинарството е само широк поим за бројни активности и спортски дисциплини кои се развиваат и потполно се разликуваат една од друга.

Што е алпинизам?

Алпинизмот претставува највисок степен на достигнување во планинарството. Занимавањето со алпинизам побарува постојана, одлична физичка кондиција, психичка стабилност, големо искуство. Познавање на различни техники на качување со тешки елементи на сува карпа и мраз и други фактори неопходни за сигурно и успешно изведување на качувањето.

Алпинистот се обучува и оспособува во планина да престојува, без оглед на локацијата, на најнепристапниот терен, во било кој дел од светот, во секое годишно време и во најсуровите временски услови (исклучително ниски температури, голема надморска висина и сл.).

И покрај тоа, алпинистичките насоки се вреднуваат преку критериумите за категоризација на алпинистот и критериумите за класификација на алпинистичките насоки. Според меѓународните критериуми алпинизмот и Формула 1 се наоѓаат во XII категорија (спортови со највисок фактор на ризик).

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре