БлогРазноСе градат диви патишта низ најубавите предели на Шар Планина

Се градат диви патишта низ најубавите предели на Шар Планина

27 Јуни 2017
Се градат диви патишта низ најубавите предели на Шар Планина

Во месноста Лешница, едeн од најубавите предели на Шар Планина, со употреба на тешка механизација пробиени се два пата кои водат кон оближните бачила. На ваквото уништување на природната убавина на Шар Планина реагираат невладините организации познати како Платформа „Пријатели на Шара“, кои лобираат Шар Планина да стане национален парк. Тие сметаат дека изградбата на патишта во срцето на идниот национален парк, посебно во овој дел кој треба да биде строго заштитена зона, е апсурдно и загрижувачки за живиот свет на планината.

„Наместо сите заедно да работиме за заштита на планината, овој предел се уништува со изградба на патишта. Овие два пробиени патишта кои водат кон месностите Горна Лешница и Џинибег ќе бидат закана за живиот свет на Шара особено на оние покрупните животни. Освен ова со изградбата на овие два пата се уништени едни од најубавите и наживописни планинарски патеки кои минуваат низ овие предели“ изјави Јован Божиновски, член на платформата „Пријатели на Шара“.

Активностите на Платформата во изминатиот период беа насочени кон подигање на свеста кај локалното население Шар Планина да се прогласи за национален парк. „Последното истражување што го спроведовме покажа дека 83% од локалното население нема против Шар Планина да стане национален парк. Бидејќи идниот национален парк треба да поседува и вредности за заштита, апелираме да престане градењето на патишта низ Шар Планина, бидејќи на овој начин се уништува и биодиверзитетот на планината“ вели Метин Муареми, исто така член на платформата “Пријатели на Шара“.

Lesnica

Во времето на поранешна Југославија, словенечки експерти за планински туризам велеле дека месноста Лешница е едно од најубавите планински места во тогашната држава. Денеска тука на Лешница можат да се видат купишта песок останати од градбата на каптажата за тетовскиот водовод, исечени дрва, разурнати објекти, а сега и два, на диво пробиени пата. Токму затоа пријателите на Шара се борат оваа прородна убавина да се зачува од понатамошно деградирање и да и се врати стариот сјај.

„Еве денес заедно со моите пријатели од Хрватска, симнувајќи се од Горна Лешница го видовме патот што е пробиен и се запрашав, зошто е изграден овој пат, кој најверојатно е правен со тешка механизација и како таков ја унакажал планината. Ми се причини како некој мене да ме дере низ градите, така го чувствував ова скрнавење на оваа планинска убавина“ кажува Живко Темелковски од Федерацијата за планинарски спортови на Македонија.

„Пријателите на Шара“ најавуваат дека во наредниве денови, согласно Законот за заштита на природата, ќе покренат иницијатива делови од природата за кои се води постапка за нивно прогласување за заштитено подрачје, да се стават под привремена заштита, сметајќи дека на тој начин ќе спречат понатамошно уништување на Лешница и Шар Планина.

Од МВР пак велат дека на 9 јуни било пријавено за узурпација на државно земјиште и исечена шума. Нивни екипи излегле на терен и направиле увид. Била направена и консултација со подружницата на Македонски шуми во Тетово од каде им било потврдено дека тие патишта биле пробиени со нивна согласност заради пристап до одредени бачила. Сепак полицијата дополнително ќе утврдува дали таа согласност за пробивање на патиштата е добиена по легален пат.

Превземено од SDK.mk

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре