БлогМеста за посетаПрироден спа скриен во Тоскана

Природен спа скриен во Тоскана

14 Јануари 2018
Природен спа скриен во Тоскана

Тоскана е омилено туристичко место за посетителите од целиот свет. Секое годишно време има своја магија поради што неретко ќе наидете на големи гужви. Особено во пролет, пред да запече сонцето.

Но, ова мало драгоцено место не е толку познато меѓу широките маси. Се работи за природните извори на минерална вода Каскате дел Мулино во близина на местото Сатурниа. Сместено е во јужна Тоскана, во подрачје каде туризмот сеуште не го достигнал својот полн потенцијал како што е случај, да речеме, со Фиренца.

Toskana

Тоскана секогаш е добра идеја

Каскате дел Мулино е еден од симболите во регионот. Водопадите кои движат директно од подземниот извор со текот на вековите во варовникот создадоа базени каде што преливаат и денес се користат за капење. Оваа минерална бања е опкружена со богата вегетација, што е уште една причина зошто луѓето одат на екскурзии за антистрес.

Toskana

Лековитата вода е со константна температура од 37,5°C, а велат дека помага со циркулацијата, кожните проблеми и со варењето. Овој природен спа е достапен во секое време, ден и ноќ, влезот е бесплатен. Сакате да уживате во топлите бањи, целиот комплекс ќе го најдете во близина.

Доколку планирате патување во Италија, ова место е секако едно од местата кое вреди да се посети.

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре