БлогРазноПреселба во шума: Станавме алергични на современиот живот!

Преселба во шума: Станавме алергични на современиот живот!

19 Декември 2017
Преселба во шума: Станавме алергични на современиот живот!

Живееле во град, но не им се допаѓала градската гужва и загаденоста. Се преселиле во долината и за само шест недели изградија колиба. Сега властите ги бркаат...

Кејт Буроус (46) и нејзиниот партнер Алан (48) пред две години одлучија да го напуштат градскиот живот и да се преселат на село. Изградија куќа од стебла, кал и слама во долината Тарка на југот од Англија, за што им беше потребно шест недели. Како главна причина за преселбата Кејт ја наведе „алергијата“ од современиот живот, односно постојаното чувство на грип кај неа.

Таа тврди дека не ја поднесува градската вода, електричната енергија, wi-fi уредите, дури и бојата на ѕидовите. Но, после две години локалната власт им нареди преселба во хотелска соба, иако животот во модерната колиба е баш по нивна мерка. Имено, немаат градежна дозвола за својата градба.

Кејт тврди дека таа и Алан патат од MCS, хронична телесна болест која предизвикува алергиска реакција на хемикалии во секојдневните производи.

Не можеме да живееме на модерен начин, а животот во нашата колиба е се што ни треба. Во градската гужва не можеме ни да спиеме мирно, а дури ни нормално да функционираме, се жали Кејт.

Градскиот совет на Девон тврди дека овој пар градејќи ја куќата „ги прекршил законите за планираната изградба“. Природно изградената куќа се состои од кујна, дневен престој, две спални соби и купатило. Ѕидовите се обложени со варов малтер, а на покривот на куќата има сончеви панели покриени со трева.

Кејт и Алан, исто така, започнале со сопствено одгледување на животни - кокошки, кози и гуски. Тие сé уште не знаат каде да одат, но ќе се обидат да победат за своите права и да продолжат да живеат во колибата.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре