БлогСоветиПола час во длабока шума го штити вашиот имунитет за 2 месеци

Пола час во длабока шума го штити вашиот имунитет за 2 месеци

28 Јануари 2018
Пола час во длабока шума го штити вашиот имунитет за 2 месеци

Ако сте шетале во шума барем еднаш во вашиот живот, сте уживале во убавината на природата. Тоа е причина зошто некои луѓе бираат да живеат во шумите или покрај нив и зошто други луѓе патуваат илјадници километри да шетаат во шумските предели на Редвуд, прашумите во Костарика или Еквадор.

Меѓутоа, научниците од Јапонија открија дека традицијата која се нарекува Шинри-иоку или „капење во шума“ и понатаму е силна, а зошто е тоа така причините се од биохемиска природа.

Имено, истражувачите заклучија дека престојот во шума го поправа природниот имунитет, кој е важен за спречување на рак како и други хронични болести.

Како се случува тоа?

Кога научниците тестирале луѓе пред и после двочасовна прошетка во шума, кај сите пронајдоа, освен кај една личност, 50% и повеќе Т-зрнца. Имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност, како и бистрина во главата.

Шумските дрва и билки во околината емитуваат „антимикробни испраливи органски споеви на билни деривати, кои се нарекуваат фитонциди, кои ги истребуваат габите и бактериите“. Габите и бактериите можат да бидат проблем за нашиот имунолошки систем, а се испоставува дека ни дрвата не ги сакаат.

Шумските стебла често се стотици, ако не и илјадници години стари. Дрвата и другите билки, усовршиле заштита, односно спој со кој можат да ги убиваат габите и бактериите. Кога движите низ шума, вашиот здив се соединува со овие компоненти. Влијанието трае околу 2 месеци.

Да речеме, дека кога движиме низ шума ние се капиме со нејзиниот природен имунитет. Нурнати сме во „фитохемискиот“ имунолошки систем на шумата.

Професорот Кинг Ли од одделението за хигиена и јавно здравје Нипон од медицинската школа во Токио, ја претстави оваа приказна на американскиот научен писател Ени Лени Филипс.

Во статијата постојат прецизни информации за ефектите на специфичните хормони, вклучувајќи ги ефектите на норадреналин и DHEA на стрес и адипонектин. Имено, ниското ниво на адипонектин е поврзано со дијабетис тип 2 и дебелината.

Студијата е објавена во European Journal of Applied Physiology.

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре