БлогОд височинитеПочина Георги Петков при обид на искачување на Монт Еверест

Почина Георги Петков при обид на искачување на Монт Еверест

21 Мај 2018
Почина Георги Петков при обид на искачување на Монт Еверест

Нашиот планинар Георги Петков почина од срцев удар на Хималаите, при обид да се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

Смртта на 63-годишниот доктор од Гевгелија е објавена на страницата на „The Himalayan Times“, а веќе ја пренесуваат и нашите медиуми.

Веста ја потврди и менаџерот на базниот камп Нира Шерпа.

„Во тек е спуштањето на неговото тело до долниот камп“, изјави Шерпасот.

Петков беше дел од експедицијата која ја предводеше британскиот планинар и лидер на комерцијални експедиции Тим Мосејдел.

Да успееше да се искачи на врвот, тој ќе беше шестиот Македонец кој се искачил на „врвот на светот“.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре