БлогРазноПауло Коељо - За едноминутно читање: прирачник за качување планини

Пауло Коељо - За едноминутно читање: прирачник за качување планини

05 Февруари 2018
Пауло Коељо - За едноминутно читање: прирачник за качување планини

A. Избери планина на која сакаш да се искачиш: не обрнувај внимание што велат другите, како на пример „таа таму е поубава“, или „таа таму е полесна“. Ќе потрошиш многу енергија и ентузијазам за да ја постигнеш својата цел, така што ти си одговорен и би требало да бидеш сигурен во тоа што го правиш.

Б. Знај како да и се доближиш: планините се често гледани од далеку - убави, интересни, полни со предизвици. Но што ќе се случи ако пробаш да се приближиш? Патиштата се секаде околу нив, цвеќињата растат помеѓу тебе и твојата цел, она што изгледало толку јасно на мапата, тешко е во реалноста. Затоа испробај ги сите патеки и патишта додека на крајот еден ден не стоиш пред врвот кој сакаш да го достигнеш.

В. Учи од некој кој веќе бил таму горе: без оглед колку единствено се чувствуваш, секогаш постои некој кој имал ист сон пред тебе и кој оставил траги кои можат да ти го олеснат патувањето; местата на кои можеш да прицврстиш јаже, стази, прекршени грмушки кои го олеснуваат движењето. Искачувањето е твое, како и одговорноста, но не заборавај дека искуството од другите може многу да ти помогне.

Г. Видени одблизу, опасностите се лесни за контролирање: кога ќе почнеш да се искачуваш на планината од своите соништа, обрни внимание на околината. Има скоро невидливи пукнатини во планинските карпи. Има карпи кои биле цел на громови, со што се лизгави како мраз. Но ако знаеш каде го ставаш секој чекор, ќе ги воочиш замките и начинот да ги заобиколиш.

Д. Пејсажот се менува, затоа уживај во него: секако, мораш да имаш цел во главата - стигање до врвот. Но попат многу работи можат да бидат видени, и не е никаков проблем да се застане тука и таму и дасе ужива во видикот кој те опкружува. Со секој освоен метар можеш да видиш малку подалеку, искористи го тоа да ги откриеш работите кои сеуште не си ги приметил.

Ѓ. Почитувај го своето тело: можеш да се искачиш на планина само додека му пружаш на своето тело внимание кое го заслужува. Го имаш цело време кое животот ти го пружа, се дури одиш без побарување на она што не може да биде пружено. Ако одиш премногу брзо ќе се умориш и ќе се откажеш на пола пат. Ако одиш преспоро, ќе падне ноќ и ќе се изгубиш. Уживај во околината, уживај во студената изворска вода и овошјето кое природата ти го нуди, но продолжи да одиш.

Е. Почитувај ја својата душа: не повторувај цело време „јас ќе се качам“. Твојата душа тоа веќе го знае, она што и треба неа е да го искористи долгото патување како можност за раст, да се прошири преку целиот хоризонт, да го допре небото. Опсесијата нема воопшто да ти помогне да ја достигнеш целта, дури ќе ти го одземе задоволството на качување. Но обрни внимание: истотака немој постојано да повторуваш „потешко е отколку што замислував“, затоа што таа мисла ќе ти ја одземе внатрешната сила.

Ж. Биди спремен да се качиш километар подалеку: патот до врвот на планината е секогаш подолг отколку што мислиш. Не залажувај се, ќе дојде момент кога она што изледало толку блиску сеуште е многу далеку. Но бидејќи си бил спремен да одиш понатаму, ова нема да ти претставува проблем.

З. Биди среќен кога ќе се качиш на врвот: плачи, плескај, викај дека си успеал, нека ветрот секогаш ти дува таму горе - прочисти го умот, освежи ги твоите уморни и испотени стапала, отвори ги очите, исчисти ја прашината од твоето срце. Чувствувај се толку добро, она што било само сон, далечна визија, сега е дел од твојот живот, успеа!

Ѕ. Ветување: сега кога ја откри силат за која не си бил свесен, речи си себеси дека од сега ќе ја користиш оваа сила до крајот на својот ден. Пожелно е истотака себеси да си ветиш дека ќе откриеш уште една планина, и дека ќе одиш во уште една авантура.

И. Кажи ја својата приказна: да, кажи ја својата приказна! Дај пример. Речи им на сите дека тоа е возможно, и другите луѓе тогаш ќе имаат храброст да се соочат со сопствените планини.

Шири радост, можеби баш ти некому ќе му го разубавиш денот...

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре