БлогМеста за посетаПатагонија или една третина од убавината на Јужна Америка

Патагонија или една третина од убавината на Јужна Америка

11 Јули 2017
Патагонија или една третина од убавината на Јужна Америка

Патагонија е дестинација од соништата за многу планинари, алпинисти, авантуристи и љубители на природата.

Ова се должи најмногу на бескрајните шарени висорамнини, глацијални долини, стрмните падини, и најубавите и бескрајни рамници поврзани со црвени седиментални карпи и со смарагдни реки и езера.

Patagonia

Патагонија се наоѓа на границата меѓу Аргентина и Чиле и зафаќа околу една третина од територијата на Јужна Америка. Големата и разновидна област е една од најубавите места на планетата. Токму таму се наоѓа Огнената земја, каде е „крајот на светот“, кој Аргентинците го нарекуваат „почетокот на светот“.

Генерално климата во Патагонија е сува и умерено-континентална, а северните делови на областа се потопли. Токму таму локалците одгледуваат луцерка, зеленчук и други плодови, а огромните пасишта ги хранат огромните стада овци - близу 14 милиони само во аргентинскиот дел од областа.

Patagonia

Во последните години Аргентинците се фокусираат на развој на туризмот во 20-те национални паркови, кои повеќето се во Патагонија. Експлоатацијата на големите резерви на нафта, природен гас, јаглен, железна руда, волфрам, олово, злато исто го привлекуваат вниманието на оваа област.

Patagonia

Локалното население се патагонците чие име е дадено од Магелан кој помислил дека луѓето се екстремно високи, набљудувајќи ги од бродовите. Но тоа е визуелна илузија, бидејќи тие се претставници на монголоидната раса и имаат низок или среден раст.

Тагови:

Настани

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре