Испечатете ја страната

Откријте ја Колумбија

26 Февруари 2018
(0 гласови)
Откријте ја Колумбија

Живеевме во заблуда! Не ден или два, туку цела вечност. Некои ограничувања ни велат дека асоцијација за Колумбија е мафијата, дрогата, сиромаштијата, криминалот и ништо друго. А таа да ти била МАГИЧНА!

Ако сакате прекрасни летни егзотични денови во зима и мир на умот, може да ја посетите Колумбија. Интензивната зелена боја и ветрот на океанот ќе ве натера да се чувствувате магично. Гламурот и расположението ќе ги осветлат вашите денови. Звучи како вистинска утопија, но тоа е факт!

Columbia

Многу корисно ќе биде ако зборувате барем малку шпански. Во селата луѓето ретко зборуваат англиски, но Колумбијците се екстремно пријателски и гостопримливи. Контактот со нив е вистинско задоволство. Од локалците може да научите за најубавите места во регионот или каде да каснете нешто вкусно и евтино, да се насмеете од срце и уште многу други нешта. Мобилната апликација Duolingo е првиот чекор кој ќе ви биде потребен за да научите малку шпански.

Ако ви треба помош, дури и ако не ја барате, тие ќе ви ја понудат. Луѓето од Колумбија се утопично добри. Не се сомневаме дека такво место и такво општество би можело да постои! Странците кои живеат таму тврдат дека Колумбија е речиси совршено место. И зборот „речиси“ се однесува само на исклучоци. Социјализацијата им е на високо ниво!

Columbia

Ако се одлучите да ја посетите џунглата, добро е да имате примено вакцина против жолта треска. Но задолжително е и за целата земја, бидејќи колумбиските комарци се невидливи, но крвожедни.

Колумбија има исклучителна автобуска мрежа. Може да патувате деноноќно. Автобусите се удобни, располагаат со wi-fi мрежа, но имајте на ум дека возачите понекогаш се прават луди. Цената за возење околу 500 километри е 15-20 долари.

Columbia

Најкористен превоз, особено во провинциите се моторите. Може да изнајмите за 24 часа, а цената е 30.000 пезоси или 10-11 долари. За повеќе денови цената паѓа. Моторите не се многу моќни и со гориво од 3-4 долари поминувате повеќе од 100 км. Треба да бидете сигурни дека моторот ги има сите документи и да има книшка бидејќи проверките се секојдневни, особено на главните патишта. На планинските места исто така можете да се движите со мотор без осигурување. Шлемовите се задолжителни!

Ако имате повеќе време и одлучите да патувате автостоп, нема да погрешите. Особено во областа Вале де Каука, автостопот работи беспрекорно. Дури и ако одите по патот без да подигнете рака, луѓето застануваат (автомобили, велосипеди, камиони) и ве прашуваат за каде сте. Понекогаш скршнуваат од патот за да ве одведат. Тоа е одлично!

Columbia

Задолжително пробајте ги колумбиските плодови. Ќе најдете неверојатни вкусови типични за овие земји. Чонтадуро (Chontaduro) со сол и мед е локалниот афродизијак. Обоен, мангустен изгледа како големо каранфилче од лук и е една светска супер храна. Многу е вкусно!

Од дрвјата берете го само она што навистина го знаете, бидејќи постојат овошни плодови кои се отровни.

Columbia

Ако сте страстен орнитолог, ќе се најдете во вистинско царство на птици - над 1500 видови птици, од колибри до кондори. Понекогаш тие се толку шарени што тие можат да ве заслепат.

Колумбиското пиво не е многу добро, но румот (Marquez) и нивниот пијалок од ананас (Aguardiente) се одлични. Интересно е тоа што Колумбијците не пушат и не пијат. Ако свиткате тутун на јавно место бидете сигурни дека полицијата ќе ве провери дали пушите марихуана бидејќи таму не продаваат тутун.

Columbia

Не пропуштајте празник! Атмосферата е секогаш одлична, па дури и ако не знаете да танцувате - ќе научите. Колумбијците сакаат да се забавуваат и да имаат чувство за тоа. И да влетате меѓу стотици танчери на едно место е волшебно.

Земете си костим за капење дури и ако не сте во близина на океанот!

Columbia

Тагови: