БлогРазноНова апликација која го менува нашиот начин на патување

Нова апликација која го менува нашиот начин на патување

12 Септември 2017
Нова апликација која го менува нашиот начин на патување

Патувате во странство? Тогаш сигурно дека барем еднаш сте резервирале авионски билети или хотел во туристичка агенција или на сајтови за резервации.

Апликацијата создадена од нашинци, нуди нешто поинакво. Името и е „When in X“ и нејзина цел е да ги поврзе луѓето кои патуваат на Балканот со локалното население за да ги споделат своите искуства.

Според еден од креаторите на апликацијата, Антонио Кузмановски, досега вакво нешто му фалеше на туристичката индустрија. Сега патниците можат да најдат малку популарни активности или производи понудени од страна на локалното население.

Од правци за планински велосипедизам до параглајдерство, места за фотографирање на дивиот свет и скриени скапоцени камења, „When in X“ го собира најдоброто од локалните искуства на Балканот. Според Антонио само кога човек ќе се запознае со локалците и ќе помине време со нив, ги прави нештата кои тие ги прават, тогаш ќе може да го спознае даденото место. Тој може да ја почувствува атмосферата и да се потопи во непозната култура. Покрај тоа, ова може да и помогне и на локалната економија.

Следниот чекор во развојот на „When in X“ е да се покрие целиот балкански регион и да се прошири во остатокот на Европа до крајот на 2019 година.

Апликацијата може да се превземе од App Store и Google Play Store.

Пријатни патувања низ Балканот!

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре