БлогДостигнувањаНов брзински рекорд на „Носот“ на Јосемити

Нов брзински рекорд на „Носот“ на Јосемити

25 Октомври 2017
Нов брзински рекорд на „Носот“ на Јосемити

Двајца качувачи поставија нов брзински рекорд во искачувањето на најпознатата исконска насока Ел Капитан во Јосемити.

Изминатиот викенд Бред Гобрајт и Џим Рејнолдс го искачија „Носот“ и успеаа да направат импресивно ново време на карпа од 884 метри, завршувајќи го искачувањето со експлозивно темпо за само 2 часа, 19 минути и 44 секунди. За 4 минути е побрзо од претходниот рекорд што го држеа Алекс Хонолд и Ханс Флорин.

Искачувањето се одвиваше мешано, слободно качување на полесните сегменти од рутата, додека на потешките користеа безбедносна опрема каде сметаа дека е потребна.

Пред околу една деценија имаше обиди да се постават нови брзински рекорди на „Носот“, со што времето беше намалено четири пати во 2007 и 2008 година. Хонолд и Флорин поставија рекорд во 2012 година, подобрувајќи го за скоро 13 минути од претходното најбрзо време и се задржа до изминатиот викенд, кога Гобрајт и Рејнолдс го спуштија уште подолу. Дали некој ќе се обиде да го сруши нивниот рекорд во блиска иднина останува да се види.

Тагови:

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре