БлогМеста за посетаНеверојатниот Исланд: совршена дестинација за сите авантуристи

Неверојатниот Исланд: совршена дестинација за сите авантуристи

13 Декември 2017
Неверојатниот Исланд: совршена дестинација за сите авантуристи

Со најдолга независност, со најстар парламент на светот, со неверојатни природни феномени, Исланд моментално е една од најинтригантните светски дестинации. Сите кои сакаат авантура и недорпена природа сигурно барем еднаш посакале да го посетат овој чудесен остров.

Исланд е островска држава која иако нема многу жители, има долга и занимлива историја, така што сигурно ќе биде интересна за оние кои го посетуваат од тие причини. Сепак, најголемо внимание привлекува поради необичната природа, но и добро познатите поларни светлини.

Земјата на мразот и храбрите Викинзи

Главниот град на Исланд, Рејкјавик, всушност е мал град. Шарените куќи и симпатичните кафулиња го красат овој град чии жители (околу 200.000) сочинуваат околу 60% од жителите на цел Исланд. Рејкјавик е основан во 874 година од страна на викингот Инголфур Арнарсон, а името на градот дошло во комбинација со исландските зборови димен залив поради изобилството на термални извори и гејзери.

Исланд

Животот на Исланд е скап, а тоа сигурно ќе го почувствувате и доколку сте турист. Рејкјавик како главен град е и најскапиот, па совет за туристите е да најдат сместување вон градот или ако е можно кај некого кој го познаваат. Продавниците се истотака скапи, но може да се пронајдат и такви кои се близу европските стандарди. Според последните пресметувања најблизок однос во цените на Исланд има Лондон, па доколку се упатите кон овој остров, по враќањето може да очекувате помалку пари во паричникот.

Што се однесува до времето, за сигурно очекувајте ниски температури. Снегот и минусите се подразбираат во сите нордиски земји, а Исланд се наоѓа на северот од Атланскиот океан закован на фјордови. Поголемиот број од градовите се долж брегот од фјордови така што внатрешноста на Исланд е студена и негостопримлива пустина. Меѓутоа, за љубителите на снегот, водопадите, реките, гејзерите итн. Исланд е идеална дестинација. Истотака, поради големата геотермална енергија електричната енергија е достапна секаде со самото тоа и греењето е исклучително ефтино.

Исланд

Љубителите на авантури, планинарење и дестинации кои побаруваат акција се кандидати за обиколка на овој чудесен остров. Неговата природа, поларните светла, животните и посебните видови билки се искуство кое не се пропушта.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре