БлогМеста за посетаЛа Ринконада - највисокиот град на светот

Ла Ринконада - највисокиот град на светот

17 Јули 2017
Ла Ринконада - највисокиот град на светот

Високо на перуанските Анди, на крајниот југоисток од државата, се наоѓа стар рударски камп на злато кој со текот на годините добил статус на град.

Со висина од 5100 метри, на која се наоѓа градот Ла Ринконада, стана град/населба на највисока надморска висина на светот, т.н. највисок град на светот.

La Rinconada

Денес во него живеат повеќе од 50.000 жители. Временските услови во овој град се слични како и на западниот гребен на Гренланд, иако местото се наоѓа само 14 степени јужно од екваторот. Летата се влажни и студени, а температурите ретко преминуваат 10 степени.

Зимите се многу суви, деновите многу студени со температури во минус, а во ноќта живата на термометарот се спушта и под -20 степени. Просечната годишна температура изнесува само 1,3°C, а годишната количина на дождови е околу 700 mm.

La Rinconada

Ла Ринконада повеќе е населба отколку град. Ова место нема патишта, без водовод е, како и системи за отпадните води. Жителите живеат во куќи од лим без изолација.

Сите луѓе работат во рудниците, а жените продаваат облека, трагаат по злато во отфрлените рударски карпи или заработуваат од проституција.

La Rinconada

Покрај златото, Ла Ринконада веројатно е најсиромашниот и најзагадениот град на светот бидејќи околината на градот е исклучително загадена поради рударството.

За разлика од другите рударски градови, Ла Ринконада не е во сопственост на ниедна компанија.

Тагови:

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре