БлогСоветиКако да одберете чевли за на планина?

Како да одберете чевли за на планина?

10 Април 2018
Како да одберете чевли за на планина?

Чевлите се основен дел од планинарската опрема. Или подобро речено основен дел од опремата за секој кој тргнува на излет во планина. Основната функција на чевлите е да се чувствуваме сигурно на секој терен на кој можеме да се најдеме на планина.

Тоа се стрмни искачувања, стрмни спуштања, коси побочја, лизгав терен, кал, мокра трева, лисја, лизгави корења. Добриот, квалитетен чевел многу добро ќе не заштити од влага, било да е тоа дожд, мокар терен (роса, мокра трева) или снег. Освен влага, чевлите ќе ни пружат и топлина, а тоа значи и подолг престој во природа без незгодни последици, кивање, преладување или смрзнатини.

Избор чевли

Зависно од нашите афинитети за престој во природа мораме да водиме сметка какви чевли сакаме да купиме. Со тоа се поврзани и парите кои ќе ги издвоиме за набавка на чевли. Денес чевлите строго се произведуваат според условите во кои ќе се користат. Така е и од наша страна добро да знаеме што сакаме, односно каде и за што ќе ги користиме. Непотребно е да купиме чевли за високи гори, а на крајот ќе ги користиме во средни гори за лесни тури.

Чевлите може да ги поделиме на:

  • Чевли за лесни излети каде подлогата е земја и трева и дневното движење е од 3 до 5 часа на ден;
  • Чевли за груб терен, каде очекуваме доста камења, карпи, големи стрмнини и дневно движење од 5 до 8 часа;
  • Чевли за груб терен, студено време и снежни услови, за дневно движење од 5 до 12 часа;
  • Чевли за терен кој во голем дел е под снег и мраз. Голема топлинска изолација, целодневен престој во такви услови. Таквите чевли се предвидени на нив да се монтираат автоматски дерези (опрема за сигурно движење по снег и мраз);
  • Чевли за големи висини и екстремно ниски температури и за повеќедневен престој;

Избор чевли

Материјалите од кои се изработуваат чевлите се резултат на пронаоѓање на нови технолошки решенија, специјални пластични материјали и вештачки материјали кои се отпорни на абење, добра топлинска изолација и добро спроведување на влагата од чевлите (gore-tex). Таквите материјали допринесуваат добра заштита од надворешните влијанија, удари од камења, карпи, замрзнати површини, замрзнати кори, а истотака и долготрајна заштита од продор на влага, дожд, снег, лапавици.

Важен дел на чевлите е ѓонот. Тој ни овозможува сигурно да се искачиме и симнеме од планина. Ѓонот (VIBRAM - жолтата ознака на долната страна на ѓонот) добро се однесува на карпа, ситен чакал, па дури и каллив терен. Важно е среќно да се вратиме дома.

Уште една важна функција на чевлите е добро и цврсто да ни го држи зглобот на ногата и да не штити од евентуални повреди, удари или кршења. Некои чевли имаат вграден мемо гел кој добро се формира уште при првото носење околу нашиот зглоб, а тоа ќе резултира при долготрајно одење без плускавици.

Избор чевли

Кога одите на пазарење на чевли понесете еден пар дебели чорапи кои ќе ги облечете пред проба на новите чевли. Така ќе добиете подобро чувство дали чевлите добро ви лежат на нога. Чевлите мора да бидат малку поголеми, но не премногу, пола до еден број.

Во секој случај ако планираме да се занимаваме со планинарење, купувањето на чевли е примарна инвестиција на која не треба премногу да се штеди. Планинарите кои на планина заминуваат редовно во секое годишно време, мора да поседуваат повеќе видови на чевли.

Потребно е добро да се информирате кој модел или кој производител да го изберете бидејќи се покажало дека некои модели подобро ни одговараат, а некои не.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре