БлогДостигнувањаГо преживеа ракот и се искачи на Монт Еверест со едно белодробно крило

Го преживеа ракот и се искачи на Монт Еверест со едно белодробно крило

03 Април 2018
Го преживеа ракот и се искачи на Монт Еверест со едно белодробно крило

На 13 години прв пат му дијагностицирале рак. Успеал да го победи. Потоа на 16 години повторно му дијагностицирале рак, и повторно го победил. Но, одлучил дека нема тука да застане.

Син Сварнер се посветил на животот совладувајќи наизглед невозможни пречки. Докторите му дале само две недели живот, но тој не изгубил надеж. Одлучил дека сака да ги освојува највисоките врвови на светот и тоа го направил.

Sin Svarner

„Тоа што ме тераше напред е мојот цитат кој сам го смислив: Човечкото тело може да живее околу 30 дена без храна, може да приживее околу три дена без вода, но ниедно човечко суштество неможе да преживее ниту 30 секунди без надеж. Така што таа надеж ме тера понатаму“, вели Син.

Се качил на највисоките врвови на секој континент, а стана и првата личност која го преживеала ракот и успеа да се искачи на Монт Еверест со само едно белодробно крило. Син стана инспирација за многумина заболени од рак, а им помага по пат на своите организации кои ги покренал. Смета дека нема пречка која не може да ја пројде бидејќи е доказ сам на себе.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре