БлогДостигнувањаГо помина светот со велосипед за 78 дена

Го помина светот со велосипед за 78 дена

20 Септември 2017
Го помина светот со велосипед за 78 дена

Британски велосипедист го сруши досегашниот Гинисов светски рекорд кога прв пат околу светот, околу 29.000 километри, ги помина со велосипед за помалку од 80 дена.

Марк Бомонт возел по 18 часа на ден и согорувал повеќе од 9000 калории секои 24 часа поминувајќи ги Полска, Русија, Монголија, Кина, Австралија и Соединетите Држави.

Овој Шкотланѓанец, кој во понеделникот го заврши својот велосипедски маратон пред Триумфалната капија во Париз, рече дека едвај одел во текот на тие два и пол месеци.

Mark Bomont

На деветтиот ден од маратон, паднал и скршил заб и го повредил лактот и поради несреќата речиси се откажал, но одлучил да не се предаде.

„Ме мачеше недостатокот на сон. После недели и недеил и долги часови, во главата продолжив да се борам. И мораш да одлучиш дека никогаш нема да запреш“, изјави Марк.

Патувањето со велосипед околу светот траеше 78 дена, 14 часа и 40 минути. Претходниот рекорд го држеше Новозеланѓанинот Ендру Николсон кој во 2015 година овој потфат го оствари за 123 дена.

Официјалните лица од Гинис за светски рекорди на Бомонт му предадоа два сертификати - првиот за рекордот за патување околу светот, а вториот за најголема километража која ја поминал со велосипед за месец дена.

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре